Home » Спиење во бременоста

Спиење во бременоста

by mamma.mk

Бременоста е период кога на идните мамички им е потребен добар сон повеќе од било кога, но за многу од нив удобното спиење станува се потешко како што напредува бременоста. Добриот ноќен сон е незаменлив, но како што стомачето расте така станува се потешко да се наместат и да најдат удобна позиција за да се наспијат во текот на целата ноќ. Друга околност поради која бремените жени имаат потешкотии да се наместат претставуваат позициите за спиење бидејќи не сите позиции се препорачани за време на бременоста.

Позиции за спиење

По првиот триместар спиењето на стомак станува невозможно од очигледни причини…

Многу експерти советуваат да се избегнува спиењето на грб бидејќи ја потпира целата тежина на матка и бебето на вашиот грб, на дигестивниот тракт и на вашата главна вена што ја носи крвта назад во срцето од долниот дел од телото. Се смета дека овој притисок може да ги влоши болките во грбот и да ја попречи циркулацијата.

Спиењето на двете страни, по можност на левата страна, се смета за идеална позиција за мајката и за бебето. Оваа положба овозможува максимален проток на крв и хранливи материи во плацентата, ја подобрува функцијата на бубрезите, и ги намалува отоците.

Спиење со перници

Доколку не сте навикнати на да спиете на страна или пак не можете да се наместите удобно советувам употреба на перница за трудници.

 Перниците за трудници може многу да ви помогнат за да се чувствувате удобно и конфорно во текот на бременоста и помирно да спиете.

Може да ги ставите меѓу колената, под стомакот и зад грб,  како вие се чуствувате поубаво – така!

Перниците помагаат со спиењето на страна преку потпора на грбот, стомакот колковите и колената, како и при опуштање на мускулите.

Освен тоа перниците за бременост служат како одлична потпора за мајката и бебето во периодот за доење.

Моја препорака се перниците на @pillows_lala. Перниците на @pillows_lala се исполнети со антиалергенски силиконски снегулки и 100% памучна навлака која се вади и пере!

Препорачувам од лично искуство и Ви посакувам мирен сон!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.