МАММА ПРЕНАТАЛ претставува онлајн платформа за трудници, мајки и бебиња која е наменета за споделување информации преку веб страницата www.mamma.mk и преку социјалните медиуми како Instagram и Facebook на теми поврзани со зачнувањето, бременоста, породувањето, доењето и негата на бебе во вид на информативни и стручни статии, текстови од лица специјализирани во одредена област, занимливости и совети итн. Како дел од оваа платформа постои и форум за размена на совети и искуства.
Во склоп на фукционирањето на веб страницата www.mamma.mk, МАММА ПРЕНАТАЛ одржува онлајн пренатални курсеви за подготовка на трудници кои имаат за цел да ги едуцираат, информираат и поддржат новите родители во пренаталниот и постнаталниот период а се водени од меѓународно сертифициран едукатор за породување и подготовка за родители, сертифицирана дула за раѓање и сертифицирана дула за постпартум..
Бременоста е еден прекрасен период кој е исполнет со широк спектар на емоции кои ги преплавуваат идните родители додека го чекаат доаѓањето на свет на нивното бебе. Со цел да им помогнеме и да ги поддржиме идните родители во пренаталниот и постнаталниот период ја создадовме оваа платформа каде тие можат да се информираат и да научат повеќе за бременоста, раѓањето и грижата за новото бебе и на тој начин да се чувствуваат поспремни и поподготвени за новата улога во нивниот живот.