Home » Политика за приватност на личните податоци

Политика за приватност на личните податоци

by admin

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ Скопје (понатаму: „МАММА ПРЕНАТАЛ“) ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нејзината интернет страна www.mamma.mk (понатаму: „интернет страна”).

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин: 

Кои информации ги собираме?

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Колачиња на пребарувачот на интернет

Безбедноста на податоците

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Прифаќање на условите

 

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страната, МАММА ПРЕНАТАЛ ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), кои што ги оставате во формата при пазарување на некои од нашите производи преку интернет страната.

При онлајн пазарување, МАММА ПРЕНАТАЛ нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

 

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

МАММА ПРЕНАТАЛ ги обработува Вашите лични податоци за:

– Вршење на контакт на корисникот и вршење достава на производите кои што се  нарачани преку оваа интернет страна

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. 

 

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

 Обработката на Вашите лични податоци МАММА ПРЕНАТАЛ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во МАММА ПРЕНАТАЛ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

 

Колачиња на пребарувачот на интернет

 Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Со помош на колачињата МАММА ПРЕНАТАЛ го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

МАММА ПРЕНАТАЛ користи неколку видови на колачиња при работењето на интернет страната:

-Неопходни колачиња – колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страната, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.

-Колачиња за аналитика – колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.

-Функционални колачиња – колачиња кои овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб-страната.

На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено. 

Во поставките на  својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.

За да ги промените подесувањата за колачиња, притиснете на: Cookie settings

 

Безбедноста на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап.

 

Промени во политиката за приватност на личните податоци

МАММА ПРЕНАТАЛ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

 

Прифаќање на условите

Со продолжување на online наплатата и користењето на интернет страната www.mamma.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да ја прекинете нарачката на оваа интернет страната.

МАММА ПРЕНАТАЛ

Датум на ажурирање: 12.08.2022

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.