Home » Ваши препораки и искуства од курсот за трудници

Ваши препораки и искуства од курсот за трудници

by admin
Споделувам анонимно некои од вашите искуства и препораки во врска со курсот за трудници Сакам да ти се заблагодарам за курсот, бев прилично уплашена на почетокот, но после курсот особено кога видов дека повеќето работи се нормални и природни сега некако поподготвено се чувствувам. Фала ти. 🙂 Фала Сандра. Значи пофалби добив од сите доктори за дишењето и туркањето, скроз природно, ми се чудеа како на 9 цм така си дишам. Видеата, вежбите , медитација, музика се помогна во свое време. Да ти кажам дека уште кога добив болки прво на памет што ми дојде беше ти. Незнаеш колку многу ми помогнаа техниките за дишење. Преблагодарна сум ти. Дишењето ми помогна премногу особено за појаките контракции, иако малку се изубив за дишењето при туркањето но сепак со помош на сестртата се заврши брзо и добро. Благодарам за иницијативата да ги организираш овие предавања стварно се корисни. Дефинитивно нешто што недостигаше кај нас. Едукацијата и запознавањето со прoцесите низ кои се поминува се клучни за надминување на стравовите и поголема спремност во секоја фаза. Обемно и детално опфатен секој аспект, а Сандра е секогаш расположена за давање идговори и на начудните прашања. 😊 Дефинитивно би ве препорачала на сите идни мамички затоа што е прекрасно искуство и мислам дека секоја идна мајка треба да се запознае со работите што ја чекаат и да знае како да реагира. Сандра супер си и супер предаваш и многу си мила. Стварно се осеќам поспремно и похрабро сега. Се надевам многу мамички ќе те слушаат и ќе бидат поспремни. Ти благодарам и ти посакувам се најдобро. Фала Сандра за вложениот труд, имаш голема улога во чувството на спремност и смиреност кај идните мајки 🙂 Стварно никој кој поминал низ процесот неможе вака детално и опширно да ти ги прераскаже овие работи, дури и ако го направи тоа пак ќе биде само едно негово лично искуство. Така да многу ми беа корисни сите овие информации. Ми се допадна што беше опширно, се опфатено, сите фази на бременоста и породувањето и негата отпосле. Повеќе фокус се даде кон работите што мислам дека на сите нови мајки to be им се застрашувачки. Имаше и слики и видеа и вежби, скроз се ми се допадна. Многу убаво и детално објаснето, уживав 😃 Најмногу ми се допадна предавањето за контракциите и породувањето. Се беше така убаво и детално објаснето напротив не за да не исплаши туку да ни помогне да сфатиме дека не е се толку страшно. Секогаш прашуваме некои мајки за искуство така да не кажам да се утешиме, но никој не може да ти објасни вака како што вие објаснивте, а исто стои тоа дека секој пораѓај е различен и затоа не треба премногу да се размислува на тоа. Лично на мене многу ми помогна целокупното предавање со мислите и недоумиците кои ги имав во главата и можам само да го препорачам на сите идни мамички. Курсот е сосема доволно информативен за сите нови мајки. Се споделија многу корисни информации, кои според мене доколку сама ги барав на интернет ќе изгубев 10 пати повеќе време. Продолжи да го шириш твоето искуство и позитива кон ова општество затоа што на многу жени и мајки им е потребно тоа. Се уште живееме во општество во кое на овој процес се гледа како нешто што е нормално да е болно и стресно и треба да се издржи само затоа што нели сакаш да се реализираш ко мајка а тоа не било така лесно. Твојот курс, твојата позитива, знаењето кое што го споделуваш во ниту еден момент не велат дека е безболно, но не учат на тоа дека за се постои начин да се надмине/олесни болката и со тоа многу полесно и поедуцирано да се справиме со тоа што не чека Курсот беше супер,ептен добро објаснуваш за се што ќе ни треба,предобро за прв пат мамички🤰буквално се ми се допадна🤗 Како трудница која го очекува своето прво дете, морам да кажам дека курсот ги надмина моите очекувања. Се беше толку детално објаснето од твоја страна со што за прв пат во бременоста почуствував дека целиот тој процес воопшто не е страшен и дека може се да се надмине доколку сме добро информирани и за сите опции, техники и можности.
×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.