Јас пак ќе речам дека сум во групата на мајки кои би се породиле уште 10 пати, само да не го носам бебето хахаха. Би почнала од тоа дека и првото породување ми беше лесно и го паметам како убаво искуство, но второво породување беше една сосема нова димензија на леснотија и контрола која ја имав во умот во целиот процес. Нешто што правев од 8 месец е што си го визуелизирав пред спиење моето породување, како е лесно и брзо и уште подобро од првиот пат. А нешто што ќе споделам интересно е дека јас во мојата глава зацртав дека ќе се породам до 3 март( иако терминот ми беше 13 март). И така им велев на сите кои ќе ме прашаа кога ми е терминот. Дури и одморот од работа го пишав до 1 март, имаше нешто што не можам да го објаснам, како да ме водеше внатрешна интуиција дека нема да го чекам бебето до крај на термин. Што и се случи и јас на свет го донесов моето бебе на 2 март
И дојде 1ви март, петок вечер, мајсторите кои ги бевме викнале за панелите во спална конечно завршија. Го заспав моето детенце и почнав со чистење и средување поради кое ме фати полноќ. Се истуширав и легнав. Некаде после 2 часот осетив контракции со затегнување на стомакот кои ме разбудија, а кога отидов во тоалет забележав и розев исцедок. Знаев дека наскоро ќе го зспознаам моето бебенце. И пишав на мојата докторка, која ме советуваше дека е рано за во болница, но дека е спремна во секој момент да дојде на мој знак. Потоа, си легнав до моето девојченце и силно ја гушкав, знаејќи дека набрзо нема да имам само едно дете. Успев малку да преспијам тука до кај 4 саатот кога болките беа веќе на 12 минути, посилни и во долниот дел на кичмата. Тука веќе го имав искуството од првиот пат и знаев дека морам да шетам по ходник лево десно и да ги применувам техниките за дишење од курсот за трудници на мамма.мк.
Тука го применував длабокото дишење кога ќе дојдеше контакцијата и тука беше моментот кога ми текна да јадам урми. Вака до 7 сабајлето изедов едно 10тина урми, шетав низ ходник, дишев, диплев алишта во сред ноќ, слушав музика на слушалки и повремено седнував демек да преспијам. Попатно го разбудив и сопругот, кој беше морална поддршка и најмногу ме потсетуваше како да дишам. Веќе штом дојде и утрото го осетив и водењакот дека пукна. Се јавив кај моите родители да ја земат малата за да може да тргнеме полека накај болница. За неполн час контракциите се зачестија и беа на 5 минути. Мојата докторка беше спремна и ми рече полека да се упатувам кон болница. Додека се возевме накај болницата контракциите се проближија на 3 минути и беа поболни (но подносливи), па почнав да дишам со хи ху техниката. Дежурната докторка ме прегледа и ми кажа дека сум 7цм отворена, дека треба веднаш да одиме на горе.
На сопругот му рече да почека дека брзо ќе биде работата. Додека ја чекавме мојата докторка се запознав со акушерката и сестрата, и направивме план околу процесот на продување. Во тоа време ми дадоа и пилатес топка за да правам движења со кои побрзо ќе го насочам детето во долниот дел на пелвичниот под и ќе се подготвам за последната фаза на породувањето. Во 9 и 20 влегов во родилната сала, а тоа што најмногу ми овозможи да сум во контрола беше што доктрорката остави на мене да одлучам кога ќе се качам на бокс и ќе бидам спремна да туркам. Односно остави породувањето да биде повеќе водено од мене и моето тело и дете. Моето бебе се роди во 9:40 минута по само три туркања.
На секоја една мајка и посакувам вакво породување уште за првото детенце