Home » Кегел вежби во бременоста

Кегел вежби во бременоста

by mamma.mk

Кегел вежбите во нашите простори сеуште не се практикуваат толку често и најчесто тоа се должи поради недостатокот на информации околу нивните бенефити во однос на бременоста, породувањето како и здравјето на жената.

Една од најдобрите работи што идната мајка може да ги направи за да се подготви за породување е да започне со вежбање на карличниот регион, но само доколку тоа предходно е одобрено од нејзиниот лекар.

Кои се придобивките од кегел вежби?

Вежбањето кегел вежби за време на бременоста го намалува ризикот од уринарна инконтиненција подоцна во животот.

Редовното вежбање на кегел вежбите за време на бременоста ја олеснува контракцијата и затегнувањето на мускулите по породувањето.

Силните мускули на дното на карлицата за време на бременоста ги намалуваат ризиците за стресна инконтиненција, како што е истекување на урина за време на смеење, кивање, кашлање или друг напор од оваа природа.

Која е улогата на кегел вежбите по породувањето?

Придобивките од кегел вежбите не се ограничени само на бременоста. Истражувањата укажуваат дека започнувањето со кегел вежби дури и во првите неколку дена по породувањето ќе им помогне на мускулите побрзо да закрепнат.

Состојбата на мускулите на дното на карлицата за време на бременоста и по породувањето може да влијае на доживотното здравје на жената. Неодамнешните студии покажале  дека жените кои не ги вежбаат мускулите  на карлицата имаат поголема веројатност да доживеат  некои од следните проблеми:

  • одреден степен на недоволна контрола на мочниот меур по породувањето
  • инконтиненција на урина во бременоста
  • истекување на урина за време на вежбање, смеење или кивање

Едно истражување на жени три месеци по нивното породување покажало дека:

34% имале одреден степен на уринарна инконтиненција

8% носеле влошка за нивната инконтиненција.

62% изјавиле дека нивната инконтиненција започнала за време на бременоста

17% изјавиле дека нивната инконтиненција започнала по породувањето

На курсот за трудници учиме како правилно да ги изведуваме кегел вежбите и колку често треба да се практикуваат во бременоста и по породувањето.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.