Home » Стресот и бременоста: Совети како да го намалите стресот

Стресот и бременоста: Совети како да го намалите стресот

by mamma.mk

Иако во текот бременоста, идните мајки обично гледаат да водат поздрав животен стил, да се грижат за себе преку внесување на здрава исхрана, активности, вежбање, често знаат да го занемарат стресот кој се јавува во нивниот секојдневен живот.

Стресот од секојдневието  може да влијае на здравјето на многу негативен начин и може да имаат штетни резултати за време на бременоста. Понекогаш и самите сме свесни за стресот и се обидуваме да го избегнеме но понекоаш треба да се справиме со одредени стресни ситуации.

На курсот за трудници на мамма.мк зборуваме за стресот, бременоста неговото влијание и како да се справите со него.

Бидејќи сметам дека е важна тема, сакам да споделам со вас 3 совети за справување со стресот.

1.Анализирајте ги изворите на стрес

Размислете внимателно за најголемите извори на стрес во вашиот живот во текот на бременоста. Што ви причинува стрес и зошто? Често се чувствуваме под стрес кога не можеме да се справиме со или пак кога се плашиме од нешто што можеби и нема да се случи. Ако подобро го разберете изворот на вашиот стрес, полесно ќе ви биде да се справите со истиот.

2.Избегнувајте стресни луѓе и стресни ситуации

Барем во бременоста, понекогаш е подобро да се потргнеме настрана и да одбиеме да бидеме дел од ситуации кои знаеме дека би го зголемиле нашето ниво на стрес.

Едноставно доколку можете избегнувајте ситуации за кои однапред знаете дека ќе ви предизвикаат дополнителен стрес, а тоа може да вклучува семејни ситуации, социјални ситуации, ситуации на работното место итн…

3.Споделете ги вашите чувства и побарајте помош

Споделете ги вашите чувства и работите што ве мачат со вашиот партнер или со вашите блиски. На пример доколку  се чуствувате уморно во бременоста и дополнителен стрес ви причинуваат домашните обврски или дополнителните обврски околу спремање за бебето, побарајте помош од вашиот партнер или некој од семејството за извршување на некои од обврските.

Со лесно и ви посакувам бременост без никаков стрес!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.