Home » Group B streptococcus (GBS) во бременоста

Group B streptococcus (GBS) во бременоста

by mamma.mk

Group B streptococcus е вид на бактерија која често се наоѓа во вагината и ректумот на здрави жени.

Тоа е многу честа појава, оваа бактерија вообичаено се наоѓа во вагината и/или ректумот кај околу 25% од сите здрави, возрасни жени, односно се смета дека една од четири жени го има. Group B streptococcus обично не е штетна за нив, но може да биде сериозна за бебето доколку се пренесе за време на породувањето.

Обично се предлага рутинско тестирање на 35-37 недела од бременоста. Ова едноставно вообичаено вклучува брис од вагината и ректумот и не боли.

Ако мајката има Group B streptococcus, антибиотик се дава за време на породувањето, кој  ќе го заштити бебето од инфекција.

Ако сте Group B streptococcus позитивни погрижете се да му кажете на персоналот кога ќе се пријавите во болница.

Стрептокок од групата Б (GBS)  нема никакви симптоми. Жените кои се позитивни на тестот се лекуваат со антибиотици за време на породувањето за да го заштитат бебето од заразување со инфекција при раѓање.

ГБС влијае на околу 1 на секои 2.000 бебиња во САД. Не секое бебе кое е родено од мајка која е позитивна на GBS ќе се разболи.

Иако GBS е редок кај бремени жени, исходот може да биде тежок и затоа лекарите вообичаено вклучуваат тестирање како рутински дел од пренаталната нега.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.