Home » Стрии во бременоста

Стрии во бременоста

by mamma.mk

Бременоста е еден прекрасен период во животот на жената, но исто така претставува период на емоционални и физички промени. Нејзиното тело се менува со цел да му овоможи раст и развој на новото бебенце и често се јавуваат прашања кај мајката околу овие физички промени кои се случуваат на нејзиното тело.

Striae gravidarum или пошироко познати како стрии се најшироко познатиот симптом поврзан со кожата, кој се јавува кај жените за време на бременоста и од естетски причини може да претставува причинител за голема загриженост за многу жени. Се смета дека стриите како симптом во бременоста во одредена форма се јавуваат дури кај 90 % од жените.

Стриите најпрво може да се појават во розева, виолетова или црвеникава нијанса и со текот на времето избледуваат и добиваат бела или сребреникава боја.

Зошто се појавуваат стриите?

Истражувани се  различни фактори кои се поврзани со развојот на стрии, но резултатите од истражувањата се спротивставени.

Стриите се предизвикани од кинење на дермисот, односно средниот слој на кожата. Честа причина за тоа е брзото истегнување на кожата поврзано со брзиот раст или наглите промени на тежината кај мајката, но освен тоа на стриите се смета дека може да влијаат и хормоналните промени поврзани со бременоста, состојбата на кожата, генетските фактори итн.

Едно истражување кое опфатило 324 жени веднаш по породувањето, укажало дека кај жени кои биле помлади, жени кои имале висок индекс на телесна маса, жени кои имале зголемување на телесната тежина над 15 кг, повисока родилна тежина  на бебето, постоела независна корелација со појавата на стрии.

Кога се појавуваат стриите во бременоста?

Кај многу трудници се јавуваат стрии за време на нивната прва бременост. Некои истражувања покажуваат дека кај околу 45% од жените стриите се јавуваат пред 24-та недела од бременоста.

Стриите настанати за време на бременоста, најпрво се забележуваат во вториот, а почесто во третиот триместар и најчесто се појавуваат на стомакот, градите, бутовите, колковите, надлактиците, како и на долниот дел на грбот и задникот.

Совети во однос на појавата на стрии

Појавата на стрии зависи од многу фактори, но сепак убаво е да се обидете од ваша страна да користите креми и масла против стрии, кои би можеле да ви помогнат во превенцијата на стриите во текот на бременоста.

  • Масирајте ги областите со природни масла со цел да се помогне во навлажнување и зајакнување на кожата.
  • Пијте многу течности и внесувајте доволно вода во текот на денот.
  • Јадете здраво и накачувајте умерено тежина во текот на бременоста.
  • Масирајте ги областите со масла и креми наменети против стрии.

Препорака за масло против стрии WELEDA

Чистиот состав од природни и органски одбрани билки е најбезбедниот начин да се негува кожата во текот на бременоста.

Photo credit: weleda.macedonia

Чистите растителни масла се компатибилни со кожата и овозможуваат еластичност и нега која помага во спречувањето на појавата на стрии. 𝗪𝗲𝗹𝗲𝗱𝗮 маслото за масажа за трудници против стрии, со екстракти од пченични никулци и масло од јојоба, нежно се масира двапати дневно на стомакот, градите и колковите, за да се смири чешањето и да се намали појавата на стрии и може да се користи уште од првиот триместар.

Што доколку веќе се појавиле стриите?

За жал кога стриите еднаш ќе се појават, не исчезнуваат целосно сами од себе, кај некои жени  ќе станат скоро незбележителни, но кај други ќе останат видливи. Со текот на времето тие може да се намалат, но нема да исчезнат целосно, а нивната боја од црвеникава ќе премине во сива или бела.

Без разлика дали стриите се појавиле во поголем или помал број, пробајте да го сметате го тоа за првиот цртеж на вашето бебе и гордо носете го на себе! Тие се доказ за извонредната работа низ која поминало вашето тело, но секако доколу сакате да ги отстраните, консултирајте се со вашиот лекар за можни третмани за стрии.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.