Home » 4 совети за грижа за психичкото здравје во бременоста

4 совети за грижа за психичкото здравје во бременоста

by mamma.mk

Вашето психичко здравје за време на бременоста секако е многу важно и треба да обратите големо внимание на тоа како се чувствувате во текот на бременоста.

Секоја жена има различно искуство со бременоста и чувствата кои ја обземаат додека го носи на свет своето бебенце. Нормално е да искусите различни чувства, емоции, од среќа, возбуда, радост па до тага, анкциозност, стрес итн.

Вашето тело поминува низ бројни физички и психички промени и нормално е да се чувствувате поемоционални од вообичаено.

Би сакала да ви дадам неколку совети за негување на психичкото здравје во текот на бременоста:

1.Внимавајте на правилна исхрана и вежбање
Правилната исхрана и физичката активност можат одлично да ги регулираат вашите психички промени во текот на целата бременост. Треба да се стремите кон здрава и природна исхрана, а доколку вежбањето ви е дозволено од лекар, докажано е дека нуди многу бенефити во текот на бременоста.

2. Споделувајте ги вашите емоции и чувства со вашите блиски
Споделете ги вашите мисли и чувства со други. Пробајте да бидете искрени за она што го чувствувате во моментот со вашиот партнер, блиски пријатели или со вашето семејство доколку нешто ви смета или нешто ве мачи.

3.Наспијте се
Може да биде навистина тешко да се чувствувате позитивно кога се чувствувате уморни. Затоа е многу важно да се одморите и да спиете добро. 8 часа сон на ден навистина може да ви помогнат за подобро психичко здравје.

4.Грижете се за себе
Бидете нежни со вашето тело, слушајте го и бидете свесни за тоа што ви треба. Почастете се со релаксирачка бања, педикир, масажа, вежби за медитација, време за себе да се опуштите, да прочитате книга, да изгледате интересен филм или да го правите она што ве опушта и ви се допаѓа.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.