Home » Уписи на нова работилница – Ослободи се од стравот од породување

Уписи на нова работилница – Ослободи се од стравот од породување

15 Јули

by mamma.mk

Додека се приближувате кон прекрасното искуство на породувањето,  природно  е да се појавуваат различни стравови и неразбирливи емоции.

Но зошто е важно да ги превземете и се справите со овие стравови пред самото породување?

Стравот може значително да влијае на искуството од породувањето и да предизвика физички  реакции во телото, како зголемен крвен притисок, зголемена брзина на пулсот и присуство на хормони на стрес. Овие физички реакции можат да влијаат на работата на вашето тело при породувањето, што може да ги затежни или усложни конракциите и процесот на породување. Освен тоа стравот може да предизвика и емоционални реакции какоинтензивни емоции, анкциозност и паника, кои можат да влијаат на вашата способност да се опуштите и да се фокусирате за време на породувањето.

Програмата “Ослободи се од твојот страв од породување” е наменета за бремени жени кои сакаат да ги надминат своите стравови поврзани со породувањето.

Во рамките на 5 дена, работилницата нуди структуриран и информативен пристап со цел да  ве информира за влијанието на стравот врз породувањето, да ви помогне да ги препознаете и анализирате своите стравови, да го разберете потеклото и влијанието на истите и да развиете сопствени стратегии за надминување на стравот.

Преку различни активности, вежби и дискусии, ќе имате можност да го идентификувате својот страв, да ги разгледате неговите причини и влијание и да работите на ослободување од истиот. Исто така, работилницата вклучува онлајн средба за вашите прашања и одговори на 19.07.23  каде што ќе разгледуваме различни сценарија за породување.

Програма на работилницата: 

Ден 1: Запознавање и објаснување на влијанието на стравот врз породување

Ден 2: Идентификација на вашите стравови

Ден 3:Анализирање на стравовите, нивните причини, информации поврзани со вашиот страв и наоѓање решенија Ден 4: Развивање на стратегии за надминување на стравовите и техники за породување техники за дишење техники за афирмација техники за релаксација техники за медитација

Ден 5: Онлајн средба за прашања и одговори и сценарија за породување

Бонус: Ден 6. Што понатаму?

Оваа работилница е дизајнирана да ви помогне да изградите самодоверба, да се подготвите за породувањето и да ви помогне да го направите искуството со породувањето едно позитивно и емоционално задоволство.

За кого е наменета?

  • За идни мамички во 2 или 3 триместар кои сметаат дека имаат страв од породувањето или страв од некој аспект од породувањето
  • За идни мамички кои веќе имале негативно доживување за време на породувањето и стравуваат како ќе се одвива наредното

Бројот на учеснички е ограничен поради индивидуалната консултација и комуникација 1 на 1.

Со радост ја очекувам нашата дружба!

Влезница за  работилницата може да го купите на следниот линк: https://mamma.mk/course/rabotilnica/

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.