Home » 5 совети за оние кои се бремени во зима

5 совети за оние кои се бремени во зима

На што да внимавате во студените денови...

by mamma.mk

Полека доаѓаат ладните денови  и носат температурни промени, ладни ветрови и влажност во воздухот кои се неизбежен дел од сезоната, а бремените жени треба да бидат особено внимателни за своето здравје во овие услови. Спроведување на правилни мерки за нега, избор на соодветна облека, водење на здрава исхрана и внимателно управување со евентуални здравствени предизвици може значително да го подобри искуството на бременост во зимските месеци.

Во продолжение ви подготвив 5 совети за како да се адаптирате на зимските студени денови и на што да внимавате.

1. Tопла облека

Понекогаш во зима кога е ладно и кога голем дел од облеката и палтата не ве собираат веќе може да ја занемарите важноста на топлата облека. Облекувањето со топла облека, вклучувајќи јакни, капи, ракавици и чизми, е неопходно за заштита од студот и одржување на телесната топлина во зимата.

2. Вируси и настинки и внимателност со употребата на лекови

Зимата може да биде време кога се зголемуваат ризиците од настинки и вируси. Бремените жени треба да се придржуваат на редовните медицински прегледи и следења, особено ако станат жртви на вирус или инфекција. Избегнувајте средби со личности кои знаете дека се настинати.

Особено внимавајте и на лековите кои ги земате, дури и да сметате дека се работи за некои обични лекови за настинка. Пред употребата на било каков лек, треба да се консултирате со својот лекар за да бидете сигурни дека тој е безбеден за употреба во бременоста и дека не предизвикува ризици за вашето здравје и за здравјето на вашето бебе.

 

4. Хидратација на кожата

Ставањето на крема на кожата може да биде важен дел од рутината за нега на бремените жени во зима. Сувата кожа е чест проблем во зимските месеци но и кај бремените жени, особено со раст на бебето, може да настане дополнително сушење на кожата.

5. Правилна исхрана

Правилната исхрана е клучна за здравјето на бремената жена и развојот на бебето. Зимата може да го направи ова уште предизвикувачко, бидејќи тенденцијата за тешка и нездрава храна може да биде голема особено околу празниците. Бремените жени треба да се обидат да ги вклучат здравите исхранбени опции во својето мени и да ги избегнуваат непотребните калории. Повеќе околу здравата исхрана во бременоста зборуваме во нашиот курс за трудници.

5. Физичка активност и одмор

Бремените жени треба да ги одржуваат редовните физички активности, под услов дека тоа е безбедно и со совет од лекарот. Исто така, треба да посветат доволно време за одмор и релаксација. Зимата може да биде напорна за телото, и бремените жени треба да го слушаат своето тело и да земат потребен одмор кога е потребно.

 

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.