Home » Првите знаци и симптоми на бременоста

Првите знаци и симптоми на бременоста

by mamma.mk

Кога се сомневате дека сте бремена сигурна сум дека ве преплавуваат доста прашања, дали овие симптоми се симптоми на бременост или редовен менструален циклус,  како да ги разликувам, дали сите жени имаат први симптоми на бременост, дали кај сите жени се јавуваат истите симптоми на почетокот на бременоста?

Одговорот е дека сите ние сме различни, нашите тела се единствени и различни па така и  првите симптоми на бременост се различни кај секоја жена, односно симптомите можат да бидат различни кај секоја бременост.

Важно е да знаете дека симптомите за бременост можат да бидат предизвикани и од други фактори така да важно и најточно е да направите тест за бременост за да бидете најсигурни. Домашните тестови за бременост се доста точни и чувствителни па така освен симптомите кои ги чувствувате, направете и тест и разговарајте со вашиот лекар за да ја потврдите радосната вест.

Сепак еве неколку симптоми кои може да значат дека сте бремена:

Промена во градите

Промената во градите е еден од најчестите симптоми и први знаци на бременоста. Кога ќе забремените хормоните многу брзо се менуваат во вашиот и поради таа промена вашите гради може да се различни односно да станат поосетливи и потешки.

Замор

Заморот е друг знак кој може да биде поврзан со бременоста, често се случува во првите месеци од бременоста трудниците да се чувствуваат уморни и поспани, па затоа е многу важно да се внесуваат протеини и железо и секако да се одмарате штом чувствувате знаци на замор.

Утрински мачнини

Утринските мачнини  исто така може да бидат еден од раните знаци за бременост. Треба да занаете дека безразлика на името на овие мачнини, тие не се јавуваат само во утринските часови туку во текот на целиот ден и може да бидат проследени со гадење и повраќање.

Се разбира постојат и други знаци на рана бременост, како зголемено чувство на мирис, благо покачена телесна температура, оскуден вагинален крвав исцедок итн …

Она што е важно да се запамети е дека не значи дека секоја жена ќе ги има овие симптоми, кај некои трудници може да се јават повеќе симптоми, кај некои помалку а некои и воопшто да не почувствуваат некоја разлика во функционирањето на нивното тело.

Доколку сте во рана бременост  и сакате да дознаете повеќе за бременоста, разгледајте ја програмата за курсот за трудници каде зборуваме за многу симптоми кои се појавуваат во првиот триместар па и понатаму во вториот и третиот.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.