Home » 3 совети: Како да се негувате во бременоста?

3 совети: Како да се негувате во бременоста?

by mamma.mk

Да се стане мајка значи промена во животот на една жена.
Бременоста е еден прекрасен период од 9 месеци кога мајката физички си го носи бебенцето блиску до срцето, а таму останува цел живот. Период кој е многу чувствителен за жената со оглед на тоа што телото поминува низ низа значајни промени.
Во месецот на жената сакаме да ви споделиме неколку совети со кои овој прекрасен период за една жена ќе го поминете во радосно исчекување грижејќи се за себе.

1. Превенирајте појава на стрии
Со растењето на бебето расте и вашиот стомак, кожата на стомакот се растегнува затоа е важно да биде еластична. Важно е да се превенира појавата на стрии уште на почетокот на бременоста со природна нега која е безбедна да се користи во текот на бременоста и првите месеци после породување.
Практикувајте секојдневно масажи со Weleda маслото за трудници против стрии, наутро и навечер на деловите кои се подложни на појава на стрии како што се стомакот,бутовите,задникот и градите.
Чистиот состав на Weleda  маслото за трудници против стрии во кој доминираат масло од сладок бадем, масло од пченични никулци богато со витамин Е и екстракт од органска арника ѝ помагаат на кожата да ја подобри еластичноста и спречуваат настанување на стрии. Дополнително драгоценото масло од роза и масло од нероли му даваат на маслото нежен и пријатен мирис.

2. Масажа на перинеум


Масажата на перинеумот е многу значајна за да го олесните породувањето, да избегнете епизиотомија и да го олесните периодот на закрепнување после породувањето. Сакаме да ви укажеме колку е важна еластичноста на перинеумот во самиот чин на породувањето.
Перинеумот е ткивото кое за време на последните активни фази од раѓањето долго се растегнува поради контракциите. Ако му е потребно на бебенцето повеќе простор, може да дојде до пукање на ткивото на перинеумот. Кога ткивото е многу затегнато, акушерите и докторите понекогаш се одлучуваат за епизотомија (сечење на ткивото на перинеумот). За да се намали веројатноста од пукање или сечење, односно подобро да се припремите
и да го зајакнете ткивото во пределот на перинеумот, од 34-та недела започнете со масажи на подрачјето на перинеумот со Weleda Масло за масажа на перинеум. Повеќе за масажата ан перинеум може да прочитате ТУКА.

Во составот содржи оранско бадемово, сусамово и јојоба масло, богати со витамин Е кои го поттикнуваат опуштањето на ткивото и ја зголемуваат еластичноста а се комплетно безбедни за употреба.

3. Кегел вежбите

Кегел вежбите во нашите простори се уште не се практикуваат толку често и најчесто тоа се должи поради недостатокот на информации околу нивните бенефити во однос на бременоста, породувањето како и здравјето на жената.
Една од најдобрите работи што идната мајка може да ги направи за да се подготви за породување е да започне со вежбање на карличниот регион, но само доколку тоа предходно е одобрено од нејзиниот лекар.
Вежбањето кегел вежби за време на бременоста го намалува ризикот од уринарна инконтиненција подоцна во животот.
Редовното вежбање на кегел вежбите за време на бременоста ја олеснува контракцијата и затегнувањето на мускулите по породувањето.
Силните мускули на дното на карлицата за време на бременоста ги намалуваат ризиците за стресна инконтиненција, како што е истекување на урина за време на смеење, кивање,кашлање или друг напор од оваа природа.

Придобивките од кегел вежбите не се ограничени само на бременоста. Истражувањата укажуваат дека започнувањето со кегел вежби дури и во првите неколку дена по породувањето ќе им помогне на мускулите побрзо да закрепнат a на курсот за трудници учиме како правилно да ги изведуваме кегел вежбите и колку често треба да се практикуваат во бременоста и по породувањето.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.