Home » Совети за заштита од летните горештини во бременоста

Совети за заштита од летните горештини во бременоста

by mamma.mk

Често кај нас со пристигнувањето на летните месеци, се соочуваме со високи температури и жешки лета. Последните неколку дена, но и секое лето, во нашата околина сме сведоци на многу високи температури што може да бидат предизвик за многу луѓе, а особено претставуваат предизвик за трудниците. Летните горештини може да имаат негативно влијание врз телесната хидрација, крвниот притисок и општото здравје намногу луѓе вклучувајќи ги и трудниците, затоа доколку носите бебенце бидете внимателни и слушајте го вашето тело овие топли денови.

Бременоста самата по себе е физички напорен период, а летните горештини не помагаат. Затоа ви спремив неколку совети и препораки за бремени жени во поглед на справување со високите температури и горештините, за да ги поминете овие топли периоди конфорно и безбедно.

  1. Пиење на доволно вода: Важно е да го одржувате својот организам хидриран, особено за време на топлите летни денови. Бремените жени треба да внесуваат доволна количина вода бидејќи таа помага да се спречи дехидрација и останати поврзани проблеми кои може да произлезат од тоа. Затоа не заборавајте да пиете вода и течности.
  2. Избегнувајте директна изложеност на сонце: Сонцето може да биде особено силно и штетно за кожата за време на летните месеци. Бремените жени подобро е да избегнуваат директна сончева изложеност, особено во најтоплите часови на денот (10 часот до 16 часот). Освен тоа не заборавајте да носите широки шешири, сончеви очила и да користите соодветна заштита од сонце.
  3. Носете лесна и удобна облека: Одберете лесна, светла и ветро-пропусна облека која ќе ви овозможи постојано да циркулира воздухот околу вашето тело. Избегнувајте претесна облека која може да ги ограничи вашите движења и да ја трие вашата кожа.
  4. Отекување: Високите температури можат да допринесат за поголемо отекување кај бремените жени. За да го намалите овој проблем, обидете се да ја подигнете вашата нога кога седите или лежите. Исто така, доколку можете/смеете правете лесни вежби за подобрување на циркулацијата.(Некои вежби за циркулација се прикажани на курсот за трудници во лекцијата вежби во бременост).
  5. Седете на умерена температура: Ако сте надвор, потрудете се да се сместите во поладен простор, особено кога сонцето е најсилно. Дома, може да користите климатизер или вентилатори за да ја задржите температурата умерена во вашиот дом.
  6. Нанесувајте креми за заштита од сонце: Заштита од сонцето е важна, особено кога сте бремени. Користете креми со висок фактор за заштита од УВ зраците и повторувајте ја апликацијата на секои неколку часа. (Можете да разгледате на пазарот креми кои се  pregnancy-friendly)
  7. Консултирајте се со вашиот лекар: Контактирајте со вашиот гинеколог или лекар за било какви прашања и грижи поврзани со вашата бременост и влијанието на високите температури.

Чувајте се, не се форсирајте и слушајте го вашето тело.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.