Home » 4 непријатни симптоми кои може да ги искусите во бременоста

4 непријатни симптоми кои може да ги искусите во бременоста

by mamma.mk

Она што треба да го знаете, а можеби никој не ви го кажува пред да забремените е тоа дека бременоста освен што е еден од најубавите периоди во животот на жената, може да донесе и доста непријатни симптоми додека во себе растете едно мало човече. Најчесто главен виновник за овие непријатни симптоми се хормоните во бременоста. На предавањата на е-курсот за трудници на мамма.мк учиме за улогата на хормоните во текот на бременоста и совети како да се справите со најчестите мачнини и непријатности.

Би сакала да споделам со вас неколку непријатни сиптоми кои може да ги доживеете за време на бременоста:

Умор

Еден вообичаен симптом на бременоста особено во првиот и третиот триместар е чувството на умор и недостаток на енергија. Може да се чувствувате преуморни, да имате потреба да дремнете во текот на денот или пак да поспиете малку подолго наутро. Се смета дека повеќе од половина од трудниците го доживуваат овој симптом.

Утринска мачнина

Се смета дека голем број трудници доживуваат некаков вид на утрински мачнини за време на бременоста.Утринските мачнини и покрај нивното име треба да знаете дека не се случуваат само наутро туку може да ги чувствувате во текот на целиот ден. Исто така нагоните за повраќање и гадење не се невообичаени во бременоста. Секоја трудница е различна, некои од вас ќе почувствуваат само нагон за повраќање, а некои всушност и ќе повраќаат.

Добрата вест е дека повеќето жени ќе го искусат овој симптом само во првиот триместар, додека други пак ќе го чувствуваат во текот на целата бременост.

Несоница

Добрата вест е дека не сте сами, повеќе од половина од трудниците според некои анкети изјавиле дека сонот им е нарушен во текот на бременоста отколку во други периоди во животот. Како и за многу други симптоми главните виновници се хормоналните промени за чувството на замор и проблеми со спиењето за време на бременоста. Освен тоа честите прошетки до тоалет поради често уринирање, грчевите и болките во грбот можат да предизвикаат често будење и губење на сонот.

Киселини

Честопати на часовте на мамма.мк кога зборуваме за симптоми во бременоста, трудниците се жалат на киселини. Киселините за време на  бременоста може да бидат навистина непријатни, а се јавуваат особено во вториот и третиот триместар. Тоа обично не е знак за сериозен проблем, но може да биде доста непријатно, па дури и болно.

Иако овие симптоми се чести појави во бременоста, секогаш треба да се исконсултирате за нив со вашиот лекар. Се надевам дека нема да се јават токму кај вас и дека ќе имате лесна бременост!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.