Home » До сите супер татковци таму некаде…

До сите супер татковци таму некаде…

by mamma.mk

Татковци, ви благодариме за целата поддршка и внимание кои ни ги пружате несебично, што се грижите за нас во текот на бременоста, ги разбирате нашите промени во расположение, ја делите радоста и нашите грижи за доаѓањето на свет на нашето малечко.  Вашата поддршка за време на овие нови ситуации ни помага да се чувствуваме смирено, храбро и сакано.

Ви благодариме што работите напорно за да се грижите и да го издржувате вашето семејство.

Ви благодариме за  сите слатки спомени од првите неколку недели по раѓањето на бебето.

Гледајќи ве како го држите бебето со поглед на љубов и воедно запрепастеност на лицето е нешто што никогаш нема да се заборави. Фала ви за сите ужинки и вода што ни ги носевте додека ги доиме бебенцата, за сите променети пелени, играње, нишкање и заспивање на малото бебенце. За сите оние ноќи кога ги нишкате бебенцата за да не оставите да поспиеме барем неколку минути повеќе.

Непроспиените ноќи и долги денови со вас покрај нас го прават целото искуство 1000 пати подобро. Секако, има и тешки моменти, кога бебето неутешно плачеше, но вие секогаш сте тука да ни помогнете во секој момент.

Ви благодариме за сето она што го правите секој ден за нашето семејство, вршење на домашните работи, пазарување, внесување се од автомобилот, собирање бубачки, сите мали поправки низ домот, играње со нашето дете како и сите други работи кои мислите дека поминуваат незабележано.

Ви благодариме за се што правите за нас и нашето бебе. Понекогаш, ние како мајки, мислиме дека сè имаме сфатено, но суштината е дека не е така, затоа сте вие тука. Ни требате и ве сакаме.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.