Home » Совети за новите татковци: како да се поврзете со вашето бебе?

Совети за новите татковци: како да се поврзете со вашето бебе?

by mamma.mk

Иако татковците често копнеат за поблизок контакт со своите бебиња, поврзувањето често се случува на малку поинаку, делумно поради тоа што раниот контакт како што е оној на мајките е поинаков, поради носењето на бебето во стомакот и доењето за многу мајки, па и првите неколку денови во болница бебињата во принцип минуваат повеќе време со мајката.

Сепак татковците споделуваат многу посебни активности со своите бебиња и постојат многу начини на кои тие можат да се поврзат со бебенцето во раниот период.

И двајцата родители имаат голема корист кога можат да се поддржуваат и да ги делат и да се охрабруваат еден со друг.

Раните активности за поврзување вклучуваат:

* Хранење (доколку бебето се храни со шише); понекогаш тато создава посебна врска со бебето кога се справува со хранење и менување пелени среде ноќ.

* Читање или пеење на бебето.

* Капење на бебето или масажа на бебето.

* Пресоблекување на бебето

* Заспивање на бебето.

* Пресликување на движењата на бебето.

* Имитирање на гукањето на бебето и другите вокализации во првите напори за комуникација.

* Бебето да ги почувствува различните текстури на лицето на таткото.

* Прошетка со таткото.

*Чување на бебето со цел мајката да поспие и да се одмори.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.