Home » Писмо до новите мамички од ваша МАММА.мк

Писмо до новите мамички од ваша МАММА.мк

by mamma.mk

Драги нови мамички,

Доаѓањето на свет на новото бебе е еден од најголемите настани во вашиот живот. Важно е да знаете дека ќе има денови кога ќе се чувствувате дека буквално срцето ви е преполно со љубовта што ја имате за ова ново мало човече, а ќе има и други денови кога ќе се чувствувате уморни и преоптоварени. Ќе има денови кога нема да знаете како да постапите бидејќи сте бомбардирани со контрадикторни совети за родителство и сето тоа ќе ве загрижува. Сето ова е нормално. Кога се грижите за ново бебе, ви советувам да запомните неколку работи:

Имајте трпение

Прoблемот, предизвикот со кој се соочувате или оваа фаза, период или ситуација во која се наоѓате е само за кратко време. Вашето бебе ќе расте и ќе се менува по малку секој ден, а  со него и вие, заедно ќе учите, ќе се прилагодувате и ќе се адаптирате. Доењето во ноќните часови, грчевите, болните гради се само фази кои ќе поминат. Ова не значи дека не можете да направите ништо за да ги олесните овие фази, има многу совети кои може да ви помогнат во специфичните ситуации, но сакам да ви кажам да имате трпение, да си дадете малку простор и време и дека малку време секогаш помага.

Верувајте им на вашите инстинкти

Мајката знае што е најдобро за нејзиното бебе. Немојте да ги игнорирате вашите инстинкти кога станува збор за тоа што е најдобро за вас и вашето бебенце. Кога добивате контрадикторни совети, немојте да претпоставувате дека секогаш мора да е некој друг  во право, а тоа не сте вие. Никој не го знае вашето бебе како вас и никој не ги разбира неговите потреби како што тоа го правите вие. Верувајте си себеси и правете го она што мислите дека е најдобро за себе и за вашето дете.

Ќе правите грешки и тоа е во ред

Никој од нас не е совршен родител. Никогаш не можете да бидете совршен родител, ниту пак ќе можете да следите едукација, да прочитате книга или веб-страница и да научите сè што треба да знаете за грижата за вашето бебе. Помирете се дека евентуално ќе правите грешки и ќе учите од нив како што вашето дете расте и се развива. Ќе растете и вие како родител и ќе правите промени и ќе се прилагодувате низ сите фази и ситуации. Ќе го направите најдоброто што можете, но не си ставајте премногу притисок да бидете совршениот родител – дајте си дозвола да направите и некои грешки.

Еден ден ќе се навратите на ова време со убави спомени и исполнето срце. Ќе посакате да го направите сето тоа одново без ништо да промените.

Со љубов,

Ваша мамма.мк

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.