Home » Писмо до мамичките кои очекуваат второ бебенце

Писмо до мамичките кои очекуваат второ бебенце

by mamma.mk

Како што полека се впуштате во новата улога, мамичка на две деца, топлото тело на бебуш, наспроти вашите гради ви е познато прекрасно чувство а и воедно сосема ново.

Љубовта и возбудата се исто онолку силни како и  првиот пат, ама за среќа анкциозноста, стравот и вознемиреноста се многу помали, веќе сте го искусиле сето ова.

Во првите денови одвојте време од „секојдневниот живот“за да уживате свесно во трансформацијата на вашето семејство, со сета возбуда, радост, љубов и непроспиени ноќи кои ги носи.

Можеби ќе бидете во искушение да ја продолжите секојдневната рутина, бидејќи има едно детенце  кое постојано ќе ве бара, ќе му треба вашето внимание и да посакате да се „вратите во нормала“ што е можно побрзо. Но наместо да ги брзате работите, одвојте време да го прифатите слаткиот хаос во вашиот дом, сега кога има 2 мали човечиња.

Прифатете дека еден краток период ќе биде можеби хаотично, играчки и бебешки ќебенца расфрлни по мебелот, полуполни чаши за кафе- ладно 🙂  на масичката и денови кои можеби ќе ги минувате во пижами од почетокот до крајот. Сето тоа е нормално, не се брзајте, ќе се вратите лесно на рутината, само дајте си време да закрепнете и да се адаптирате на новата ситација.

Еден од најслатките моменти од носењето дома на вашето второ бебенце е да го гледате вашето прво дете како расте во новата улога на постар брат или сестра.

За да придонесете полесно да се прилагоди постарото детенце на новиот член во семејството, не заборавајте да му посветите внимание во овој период. Една од најлесните работи, но често и најлесно да се заборави е контактот со очите, па така дури и ако имате полни раце со доење, хранење или нишкање на бебето, воспоставете контакт со очите, барем и на неколку секунди со тоа ќе му дадете до знаење дека го слушате, дека ги признавате неговите барања дури и ако не можете да им го овозможите тоа што го бараат во дадениот момент, барем ќе се чувствуваат слушнати.

Убав начин да му помогнете на детето да прерасне во улогата на постаро братче или сестриче е кога имате можност да го ангажирате да биде ваш специјален помошник и да  помогне околу грижата за новото бебе така што ќе ви донесе пелени, влажни марамчиња, ќе му пее или ќе чита.

Марамите за носење се една супер алатка за мајките особено за мајките на повеќе дечиња. Носењето на бебето освен што ќе му ја даде вашата потребна близина на бебенцето,  може да ви ги ослободи рацете за другото детенце или за некои обврски.

Најважно од се мамички во обидите да ги задоволите потребите на вашите деца, не заборавајте да се грижите за себе.

На почетокот можеби ќе се чувствувате како на секој секогаш да му треба нешто од вас. На бебенцето ќе му биде потребно млеко и утеха, на постарото дете ќе му треба прегратка или чаша вода и оброк.

Во ред е да се чуствувате преплавено и како да ви треба само една минута да здивнете. Во ред е да ви треба момент за одмор. Во ред е да ги оставите тие солзи на фрустрација и преплавеност од обврски да потечат. Овие денови се посебни, неповторливи, скапоцени, но понекогаш можат да бидат и застрашувачки.

Наскоро ќе се привикнете на новиот начин на живот и ќе одговарате на секој предизвик како мама на две, а животот и семејството што ги создавате  се совршено ваши и ќе се радувате на сите мали скапоцени моменти и промени поминати заедно.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.