Home » 10 идеи како да се релаксирате во бременоста и постпартум

10 идеи како да се релаксирате во бременоста и постпартум

by mamma.mk

Веројатно имате многу прашања и мисли на ум за време на бременоста. Доаѓањето на ново бебенце на свет, справувањето со симптомите, менувањето на животниот стил, како и секојдневниот живот, понекогаш може да ви се чини како да ви одзема премногу енергија и ве преоптоварува.

Вашето емоционално здравје во бременоста е исто толку важно, како и вашето физичко здравје, затоа обидете се да се грижите за себе и да се релаксирате кога имате потреба од тоа:

Ова се моите десет совети за вас кои се надевам ќе ви помогнат да се опуштите во бременоста:

  1. Доколку времето дозволува, дремете во текот на денот
  2. Обидете се да одите во кревет еден час порано од вообичаеното
  3. Релаксирајте се со релаксирачка бања
  4. Слушајте смирувачка музика или звуци на природата
  5. Медитирајте и фокусирајте се на вашето дишење (на курсот за трудници на Mамма.мк дадени се бонус лекции кои се содржаат од медитации во кои се фокусираме на дишењето, наменети за бременоста но и постпартум)
  6. Читајте книга
  7. Пишувајте во дневник, интересно е и да водите дневник за трудници
  8. Вежбајте, тоа ви помага да се ослободите од стресот
  9. Направете масажа
  10. Почастете се со педикир

Запомнете дека грижата за себе не треба да биде важна само во бременоста туки и по раѓањето на вашето бебенце. Однесувајте се нежно кон себе си и откако ќе се роди бебето.

Мајка која се грижи за себе, јаде добро, вежба и одвојува време да се  релаксира и опушти, ќе има посреќен и поздрав живот.

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.