Home » Ниско железо во бременоста?

Ниско железо во бременоста?

Конзумирајте храна богата со железо

by mamma.mk

За време на бременоста, срцето работи понапорно од вообичаено со цел да обезбеди соодветна исхрана за бебенцето. Телото го зголемува волуменот на крвта за отприлика 30-50%. Поради ова зголемување на волуменот на крвта, важно е бремените жени да го зголемат и внесот на фолна киселина и железо во нивната исхрана.

Правилната и здрава исхрана може да ја спречи и анемијата поради дефицит на железо за време на бременоста.

Изворите на железо кои ги има во месото, растенијата и суплементите (доколку се препишани од лекар) може да помогнат во зголемување на волуменот на крвта, а со тоа и да помогнат во спречување на анемија.

Важно е да внесувате различни извори на железо заедно со храна богата со витамин Ц  и на тој начин да му помогнете на вашето тело да го апсорбира железото.

Некои намирници со високи нивоа на железо вклучуваат посно црвено месо, грав и зелен зеленчук.

Избегнувајте да внесувате храна богата со железо во исто време кога консумирате намирници кои го инхибираат железото како цели зрна, мешунки и млечни производи.

Доколку во вашата ситуација сепак е неопходен додаток, вашиот лекар може и да ви препише дополнителни суплементи.

Храната со витамин Ц помага во апсорпцијата на железото па така производи кои содржат добри извори на витамин Ц се цитрус, јагоди, киви, малини, диња, пиперки, компири и домати.

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.