Home » Гестациски дијабетес

Гестациски дијабетес

by mamma.mk

Гестациски дијабетес претставува посебен тип дијабетес, кој се јавува во бременоста и се манифестира со покачено ниво на гликоза во крвта.

Зошто се јавува гестациски дијабетес?

Гестациски дијабетис најчесто се јавува како резултат на хормоналните промени во бременоста.

Во бременоста хормоните од плацентата може да ја блокираат активноста на инсулинот. Инсулинот всушност да го поттикнува влегувањето на гликозата во клетките. Со блокирањето на неговата активност, се спречува и влезот на гликозата во клетките, а како резулата на тоа нивоата на гликоза во крвта растат.

Тест за гестациски дијабетес

Скрининг тест за гликоза е рутински тест за време на бременоста со кој се проверува нивото на гликоза (шеќер) во крвта на бремената жена. За време на вториот триеместар од бременоста може да биде препорачан тест за толеранција на глукоза

Овој тест проверува дали трудницата има гестациски дијабетес. Повеќето бремени жени имаат скрининг тест за гликоза помеѓу 24 и 28 недела од бременоста.

Тестот може да се направи и порано ако имаат повисок ризик или високо ниво на гликоза во урината за време на рутинските пренатални посети.  

Ова обично инволвира пиење на сладок раствор и давање на примерок од крив со кој се мери нивото на гликоза во крвта. Доколку се увиди дека нивота на гликоза се високи понатаможи испитувања може да следат.

Ризик фактори за развој на гестациски дијабетес

  • Трудницата има над 30 години 
  • Гестациски дијабетес во претходната бременост 
  • Прекумерна телесна тежина кај трудницата
  • Семејна историја на дијабетес 

Третман за гестациски дијабетес

Третманот за дијабетес обично инволвира диетски режим на исхрана, односно добро избалансирана здрава исхрана, често следење на состојбата, и редовна активност и вежби.  Во некои случаи може да биде препишан медикаментозен третман и дополнителни испитувања. 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.