Home » Прееклампсија – сериозна состојба во бременоста

Прееклампсија – сериозна состојба во бременоста

by mamma.mk

Прееклампсијата е состојба која се појавува кај приближно 2-8% од првите бремености.

Се карактеризира со висок крвен притисок ( крвниот притисок не би требало да биде поголем од 14/90 mmHg ) и протеини во урината. Нема познати причини за појава на прееклампсијата, се смета дека  може да бидат вклучени еколошки и генетски фактори. Повеќето случаи на прееклампсија се јавуваат по 34-та недела од бременоста, иако оваа состојба може да се јави веќе во 20-тата недела но и дури  по раѓањето.

Ризик фактори за развој на прееклампсија:

  • Прва бременост
  • Возраста на мајката: под 18 години или постара од 35 години
  • Бременостите се со помалку од две години или повеќе од десет години разлика
  • Прееклампсија во претходна бременост или семејна историја на прееклампсија
  • Висок крвен притисок или дијабетес пред бременоста или прекуумерена тежина
  • Близначка бременост, тројки итн.

 

Симптоми на прееекламсија

Некои од жените со прееклампсија може и да не доживеат симптоми или може да забележат оток во раце и лице (оток на стапалата и глуждовите се смета за нормална појава во бременоста) кој не се намалува ни по одмор или брзо зголемување на телесната тежина, иако овие симптоми понекогаш се присутни кај жени без прееклампсија во бременоста.

Трудниците кои развиваат тешка сосотојба на прееклампсија може да доживеат главоболки, краток здив, заматен вид, болка во горниот дел на стомакот (обично под ребрата на десната страна или во рамото), гадење и намалена урина.

Прееклампсијата влијае на протокот на крв и може да доведе до абнормален развој, мала тежина при раѓање или предвремено породување. Може да предизвика и плацентарна абрупција. Прееклампсијата може да напредува во еклампсија, многу сериозна состојба која често вклучува напади.

Третман на преекламсија

Доколку постои преекламсија важно е да се прават чести контроли и потребен е надзор од лекар за следење на состојбата. Не постои третман за прееклампсија и еклампсија освен раѓањето на  бебето.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.