Home » 7 здравствени придобивки од доењето за вашето бебе

7 здравствени придобивки од доењето за вашето бебе

by mamma.mk

Никогаш не е прерано да започнете да размислувате за тоа како ќе го храните вашето бебе.

Мајчиното млеко е најдобрата, природна храна за новороденчињата. Докажано е дека составот,  хормоните и антителата во мајчиното млеко ги штитат бебињата од болести. Голем број на истражувања сугерираат дека доенчињата имаат помал ризик од одредени болести.

  1. Го намалува ризикот од астма

Едно од истражувањата покажало дека доењето на бебето најмалку шест месеци го намалува ризикот од развој на астма кај детето.  Според други истражувања се смета дека децата кои никогаш не биле доени имале речиси 50% поголем ризик  да развијат симптоми на отежнато дишење во споредба со децата кои биле доени повеќе од шест месеци.

Истражувањето открило дека децата кои биле доени и рано започнале со дохрана или друг вид на млеко имале 20% поголем ризик од отежнато дишење од бебињата кои биле ексклузивно доени. Поради овој факт тие заклучиле дека подолго и ексклузивно доење е поврзано со намален ризик од симптоми поврзани со астма во споредба со децата кои воопшто не се доени.

  1. Намален ризик од прекуумерена тежина

Неколку студии покажаале дека доенчињата имаат помал ризик од дебелеење во однос на оние кои не биле воопшто доени.

Тие откриле дека доењето има заштитен ефект во однос на дебелината кај децата, и дека подолгото доење е директно поврзано со намалувањето на ризикот од дебелина кај децата. Се смета дека, децата кои се дојат шест месеци и подолго имаат значително помала веројатност да бидат со прекуумерена тежина во подоцнежното детство.

  1. Намален ризик од детска леукемија

Според некои истражувања, доењето шест месеци или подолг временски период е поврзано со 19 % помал ризик од детска леукемија во споредба со деца кои биле доени пократко или воопшто не биле доени.

  1. Намален ризик од ушни инфекции и алергии

Заедно со многуте други придобивки, има многу студии кои сугерираат дека доењето може да го намали ризиокот од појавата на ушни инфекции и алергии кај децата.

Една студија, покажала дека доенчињата кои биле доени девет или повеќе месеци имале помал ризик да заболат од ушна инфекција, инфекција на грлото или синусите во споредба со децата кои не биле доени подолго време.

  1. Намален ризик од респираторни инфекции

Инфекциите на долниот респираторен тракт  се инфекции под нивото на гркланот и може да вклучуваат бронхиолитис, бронхитис и пневмонија.

  1. Намален ризик од егзема

Направени се неколку истражувања кои сугерираат дека ексклузивно доење најмалку шест месеци може да помогне во спречување на егзема кај новороденчиња родени во семејства кои веќе имаат историја со егзема.  Но, овој факт се заоснова на мал број истражувања и треба да се направат повеќе студии за да се докаже дали навистина состојбата со егзема може да се спречи.

  1. Намален ризик од синдром на ненадејна смрт на новороденчиња(SIDS)

Заштитата од синдромот на ненадејна смрт на доенчиња исто така се верува дека е уште една придобивка од доењето. Нови истражувања сугерираат дека  доенчињата кои биле доени имале околу 60% помал ризик од SIDS  отколку  новороденчиња кои биле доени. Се покажало дека овој  заштитен ефект се зголемувал со тоа колку подолго бебето било доено и и е поизразен кај оние кои биле на ексклузивно доење.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.