Home » Бенефити и мали совети за доење за новите мамички

Бенефити и мали совети за доење за новите мамички

by mamma.mk

Доењето и мајчиното млеко претставуваат природен и оптимален начин за хранење на бебето.

Истражувањата покажуваат дека не само што доењето претставува една совршена исхрана за растот и развојот на бебето, туку тоа е поврзано со бројни други придобивки, како за бебето така и за мајката, па дури и за семејството и за околината.

Во однос на придобивките за бебето се смета дека доењето е поврзано со намален ризик од бројни здравствени проблеми, како проблеми со ушни и респираторни инфекции, астма, дијабетис, дијареа, алергии, ненадејна смрт на новороденче (SIDS) итн.

Во однос на придобивките за мајката, доењето го намалува ризикот од некои видови рак, остеопороза, дијабетис, се смета дека мајките кои дојат имаат помалку проблеми со депресија, анкциозност и стрес по породувањето, а секако постојат и економични и практични бенефити од доењето бидејќи е бесплатно, спремно во секое време, со идеална температура и не треба да се подготвува.

Важно за исхраната на бебето е да не се гледа на часовник туку да се храни бебето на принцип на барање, колку сака и кога сака, следејќи ги знаците на глад и да се обезбеди добар трансфер на млеко.

Мајката треба да дои во удобна позиција, а во однос на доењето на новороденчето се смета дека треба да се дои најмалку од 8 – 12 пати во текот на 24 часа.

Индивидуалниот раст и развој на бебето треба да се следат со неговиот педијатар, но постојат повеќе фактори кои може да се земат предвид кога станува збор за следење дали бебето добива доволно млеко.

Малку подетално околу правилниот фат, знаците на глад и знаците дали бебето добива доволно млеко може да дознаете на Курсот за трудници или Курсот за развој на бебе од 0-6 месеци.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.