Оваа програма опфаќа 5 предавања на кои ќе имате пристап во текот на 6 месеци, а вклучува предавања на тема: РАЗВОЈ НА БЕБЕ ОД 0 до 6 месеци. Програмата е составена од снимени едукативни видеа кои можете да ги гледате колку пати сакате во рок од 6те месеци и можете да ги следите и од компјутер и од телефон.
Оваа програма е наменета за трудници во доцна бременост односно 2 или 3 триместар од бременоста, за да научат за грижата за бебе и доењето уште пред да се роди бебенцето и за мајки на бебиња од 0 – 6 месеци.
Во овој курс опфаќаме теми поврзани со растот и развојот на бебето, нега на новороденче, доење и предизвици во доењето, постпартум периодот и закрепнување на мајката како и развој на бебе по месеци, што се случува вообичаено со бебето во тој период, како да го стимулирате развојот на бебето, вежби за правилен развој, вежби за стимулирање вртење, превртување, седење и многу повеќе информации.
Comments are closed.