Home » Неколку совети за здрава исхрана во текот на бременоста и доењето

Неколку совети за здрава исхрана во текот на бременоста и доењето

by mamma.mk

Здравата исхрана е важна во секој период од животот, а особено кога планирате бременост, носите бебенце или го доите вашето дете. Важно е да јадете здраво и правилно  да изберете опции кои се полни со хранливи материи.

На часовите за пренатален период на курсот за трудници на мамма.мк зборуваме подетално за здравата исхрана, но би сакала да ви дадам неколку насоки до кои треба да се придржувате во текот на бременоста и доењето.

Јадете разновидна здрава храна

Важно е да се јаде разновидна исхрана. Таа може да вклучува свежо овошје и зеленчук, житарки, протеинска храна и млечни производи. Важно е да бирате намирници кои се полни со хранливи материи а  имаат ограничени додадени шеќери и заситени масти.

Јадете риба но внимавајте….

Јадењето риба за време на бременоста може да има голема корист за вас и за  растот на вашето бебе бидејќи претставува здрав извор на протеини и за време на бременоста и за време на доењето. Сепак внимавајте рибата да не содржи големо количество на жива.

Информирајте се околу безбедно ракување со храната

Вие и вашето бебе сте изложени на поголем ризик за болести предизвикани од храна. Јадете само храна која е зготвена на соодветна температура и избегнувајте непастеризирано (сурово) млеко или сок, сурови никулци, неизмиени производи, ладни сувомесни производи или меко сирење направено од непастеризирано млеко.

Избегнувајте секаков алкохол

Жените кои се бремени или сакаат да забременат не треба да пијат алкохол. Разговарајте со вашиот лекар пред да размислите за пиење алкохол додека доите – иако целосно одбегнување на алкохол е секогаш најбезбедната опција.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.