Home » Кои се 4те вида на породување?

Кои се 4те вида на породување?

by mamma.mk

Доаѓањето на бебенцето на свет  е често непредвидливо и може да се случи на различни начини, па затоа јас се обидов да ги категоризираам видовите на породување на 4 типа. Секое раѓање е е прекрасен чин и е нешто што треба да се слави, без разлика на  кој начин бебенцето ќе дојде на свет.

  1. Вагинално породување
  2. Породување со итен царски рез
  3. Породување со закажан царски рез
  4. Природно породување по царски рез

Тип на раѓање бр. 1: Вагинално породување

Ова е најчестиот начин на породување и обично начинот на кој повеќето жени го замислуваат нивното прво породување често се нарекува и „природно породување или спонтано породување”.

Значи, под „природно“, мислиме на породување што вклучува најмалку медицинска интервенција.

Сепак постојат различни видови на вагинално породување:

Спонтано вагинално породување претставува кога трудницата започнува со породување без употреба на лекови или техники за поттикнување на породувањето и го раѓа своето бебе, без медицинска асистенција.

Асистирано вагинално породување е кога трудницата започнува со породување (со или без употреба на лекови или техники за поттикнување на породувањето) а раѓањето се одвива со употреба на специјални инструменти како  форцепс или вакуум екстрактор со цел да се роди бебето вагинално.

Индуцирано вагинално породување се однесува на породување кое вклучува индукција на породувањето, каде што се користат лекови или мануелни техники за да се започне процесот на породување.

Тип на раѓање бр. 2: итно породување со царски рез

Никој не планира итен царски рез, затоа и самиот чин се нарекува итен царски рез.  Овој вид на породување е многу поразличен од планираниот царски рез.

Постојат многу причини зошто трудницата може да има итен царски рез. Царски рез се препорачува кога вагиналното породување може да претставува ризик за мајката или бебето.

Некои индикации за породување со  итен царски рез се:

 

  • Мајчина исцрпеност
  • Продолжено породување
  • Породувањето не напредува
  • Фетална вознемиреност
  • Положбата на фетусот
  • Пролапс на папочната врвца
  • Абрупција на плацентата
  • Проблеми со плацентата
  • Неуспешно асистирано породување итн.

Тип на раѓање бр. 3: Закажан царски рез

  • Причините за закажан царски рез може да бидат бројни
  • Проблеми со плацентата
  • Положбата на фетусот
  • Здравствени проблеми кај мајката
  • Големината на фетусот итн

Запомнете дека нема причина хируршкото раѓање да биде помалку значајно, помалку незаборавно или помалку магично за вас од вагиналното раѓање, безразлика како сте го планирале или замислувале овој чин.

Закрепнувањето од царскиот рез кој претставува операција  е често тежок процес, но ако на тоа се додаде и грижата за новороденчето, навистина може да биде неверојатно исцрпувачка задача за една нова мамичка.

Тип на раѓање бр. 4: Вагинално породување по породување со царски рез

Вагиналното породување по царски рез се однесува на практиката на раѓање на бебето вагинално откако претходното бебе е родено преку царски рез. Според некои истражувања 90 % од трудниците кои имале царски рез во предходната бременост се кандидати за  вагинално породување по породување со царски рез.

За време на породувањето во последователна бременост, постои мал ризик од руптура на матка. Ако навистина дојде до руптура на матката, ризикот од сериозни последици е приближно 6% според некои истражувања, сепак вашиот лекар ќе процени и ќе ве советува според вашата индивидуална ситуација дали во вашиот случај има шанси за обид за вагинално породување по изведен царски рез.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.