Април е месец на свесноста за царски рез и затоа сакам оваа недела да ја посветиме на царскиот рез, во наредните неколку објави ќе зборуваме малку повеќе за причините, бенефитите, ризиците а и ќе ги споделиме нашите приказни.
Царскиот рез е хируршка процедура која може да спаси живот и да биде од голема помош за мајките и бебињата во одредени ситуации. Сепак, тој не е без ризици, а повеќето лекари го препорачуваат само кога постои медицинска потреба.
Царски рез е хируршка процедура во која бебето се раѓа преку засек во стомакот и матката на мајката.
Целта на овој месец за подигање на свеста е да ги едуцира луѓето за ризиците и придобивките од царскиот рез, да го промовира здравјето на мајките и бебенцата и да го поддржи информираното донесување одлуки во врска со породувањето.
Стапката на породувања со царски рез е во пораст на глобално ниво во последните неколку децении. Во Соединетите Американски Држави, речиси едно од три породувања се случува со царски рез.
Една од честите причини зашто жените бараат царски рез е поради стравот и болката кои обично ги испитуваат при породувањето. Царскиот рез е безболен и краток , па многу жени сметаат дека е подобра опција од природното породување. Но царскиот рез не е без ризик. Царскиот рез е извршување на оперативен зафат.
Иако оваа процедура може да спаси живот во одредени ситуации, таа исто така носи ризици. Мајките кои имаат царски рез обично имаат подолго време на опоравување и поголема веројатност за инфекции. Освен тоа, бебињата родени со царски рез можат да имаат зголемен ризик од респираторни проблеми и потешкотии со доењето.
Сепак, има ситуации каде царскиот рез е неопходен.
Важно е идните мајки да да се едуцираат и да разговараат за нивните опции со својот лекар за да донесат информирана одлука за најдобриот начин на породување за нив и за нивното бебе.