Home » Менување позиции за време на породувањето

Менување позиции за време на породувањето

by mamma.mk

Се смета дека промената на позициите и движењето за време на процесот на породувањето нуди неколку придобивки.  Доколку болницата дозволува во индивидуалниот случај мајката да менува позиции или да се движи, таа може да го стори тоа со цел да користи некои од придобивките на менување на позициите за време на фазите на породувањето.

Некои од овие бенефити се намалување на болката, зголемена удобност на идната мајка и зголемено чувство за контрола. Понекогаш самата активност може да го ублажи чувството на преоптоварување и да и даде чувство на контрола на мајката врз нејзиното родилно искуство или само пак може да и го одвлече вниманието кога е потребно.

Покрај придобивките за мајката има подеднакво важни ефекти и врз бебето и некои  од нив може да имаат влијание врз напредокот на процесот на породувањето.

Промената на положбите за време на породувањето може да го промени обликот на карлицата на идната мајка, што пак може да помогне главата на бебето да се придвижи во оптимална положба за време на првата фаза од породувањето и да му помогне со спуштање во текот на втората фаза од породувањето. За ова особено помагаат движењата на нишање, како што се одење и нишање напред-назад.

Се смета дека движењето и исправените позиции може да помогнат во зачестеноста, должината и ефикасноста на контракциите.

Ефектите на гравитацијата истотака може да му помогнат на бебето побрзо да се движи надолу. Некои истражувања покажале дека промената на позициите помага да се обезбеди континуирано обезбедување со кислород до бебето, наместо користење на лежечка положба односно лежење на грб, па дури и дека може да влијаат врз должината на породувањето.

Секако мајката треба да ги следи упатсвата од лекарот и да се движи или менува позиции според неговите насоки.

Доколку некоја поза е непријатна таа не треба да ја користи.

Во курсот за трудници во делот на техники за справување контракции снимив видеа кои ги прикажуваат позициите кои може да ги користите во различните фази на породувањето, сами или со вашиот партнер. Поделени се на стоечки, седечки и лежечки позиции како и позиции кои може да ги правите со вашиот партнер доколку е со вас.

 

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.