Home » Постпартална депресија кај мајките

Постпартална депресија кај мајките

by mamma.mk

Постпартална депресија е состојба која се смета дека се јавува кај приближно 10-20% од новите мајки. Се смета дека тие доживуваат потешки нарушувања на расположението а симптомите како чувство на тага, деприсивни, деструктивни мисли за себе и за бебето како и немање интерес за бебето може да се движат од благи до тешки и често траат подолго од две недели. Baby blues и постпартална депресија се различни поими и истите не треба да се мешаат.

Доколку новата мајка искусува некои од овие симптоми по раѓањето на бебенцето и тие траат  подолг временски период, таа треба да го контактира и да се консултира со својот лекар.

Постпарталната депресија во никој случај не е вина на мајката, нема ништо што таа направила или не направила за да ја предизвика оваа состојба.

Тоа е состојба на ментално здравје што може да се третира на различни начини во зависност од состојбата на мајката тие може да вклучуваат советување па дури и терапија.

Како и со секоја друга здравствена состојба, причините и факторите на ризик се сложени и често се резултат на различни фактори.

Според Здружението за анксиозност и депресија на Америка, „брзото намалување на некои хормони по породувањето се смета дека е еден од факторите кои придонесуваат за развој на постпородилна депресија. Но, други фактори на ризик вклучуваат стресни фактори, претходни депресивни епизоди, депресија за време на бременоста, компликации за време на бременост и/или породување и семејна историја на нарушувања на расположението“.

Затоа од исклучителна важност е да се увиди оваа ситуација навремено, мајката да се исконсултира со својот лекар  за тој да  може да и помогне да го најде најдобриот третман за закрепнување и да може да продолжи да се поврзува со своето бебе и да ужива во неговиот раст и развој.

Од исклучителна важност е најпрво да се обратите кај вашиот лекар, да се опкружите со поддршка од партнерот и семејството и да се грижите за себе со доволен сон, здрава и правилна исхрана и одредена физичка активност.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.