Home » Моро рефлекс, рефлекс на запрепастување

Моро рефлекс, рефлекс на запрепастување

by mamma.mk

Моро рефлексот е рефлекс кој се јавува кај бебењата од раѓање, кај некои се јавува почесто кај некои поретко и обично трае до 4 -6 месец.  Често се случува бебето да се штрекне без некоја очигледна причина но и од нагло движење или од гласен звук.

Кога бебето ќе се штрекне од ненадеен или гласен звук или има чувство како да паѓа,  тогаш Моро рефлексот ќе предизвика бебето да ги истегне ноџињата, да ги рашири рачињата, да го искриви грбот и да го фрли главчето наназад.

Зачудувачкиот или Моро рефлексот, кој е именуван по германскиот педијатар Ернст Моро, е само едно од неколкуте  рефлекси кај новороденчињата кои се нарекуваат и примитивни рефлекси кај бебеињата.

Можеби изгледа дека новороденчињата доаѓаат во светот како беспомошни човечиња, но тие всушност се опремени со различни вродени рефлекси кои помагаат да останат безбедни – првенствено преку предупредување на нивните родители за помош кога тоа е потребно.

Рефлексот на запрепастување, односно Моро рефлексот е одговор на бебето на чувството на паѓање или стимули во нивната околина, како што се гласни, потенцијално заканувачки звуци и силни светла. Во тие случаи како одговор на рефлексот Моро, тие ќе се свиткаат и ќе ги исфрлат рацете и нозете, ќе покажат запрепастен израз и можеби ќе заплачат. Обично ова не треба да ги загрижува новите родители и бебенцата обично го надминуваат овој рефлекс по 6 месеци.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.