Водата е средина која бебињата најдобро ја познаваат од времето поминато во мајчината утроба,
поради што всушност и го сакаат бањањето.
За заедничко уживање во капењето на Вашето бебе, ќе ви споделиме неколку совети:
Погрижете се собната температура да биде од 22 до 26°C, a температурата на водата околу 37°C.
Оставете го бебето да полежи кратко време без облека, за кожата да се прилагоди на
температурата во просторијата. Дозволете бебето да се навикне на водата пред бањањето.
На почетокот, додека не се засуши папочето, препорачливо е влажно пребришување со мокра
памучна крпа или миење под проточна вода. По засушувањето и комплетното затворање на
папочето бањањето на бебето може да биде во кадичка.
Бањањето може да се одвива во било кое време на денот, сепак најчесто родителите се
одлучуваат тоа да биде навечер, како ритуал пред спиење.
Немојте да брзате, обезбедете доволно време за да го направите овој ритуал посебен, но сепак и
не претерувајте со престојот во вода. 10 минути во зимскиот период се сосема доволни.
Бебето внимателно избришете го со тапкање со памучен пешкир, посебно внимавајте кај
наборите на кожата.
Секојдневно бањање не е неопходно. Употребата на некои сапуни и состојки во средствата за
бањање можат да ја оштетат природната заштитна бариера на кожата со што се губи нејзината
природна влажност. Кожата на бебињата е чувствителна, не е доволно развиена и затоа е
неопходно да одберете високо квалитетни производи со природен состав.
Weleda уште од 1921 година, поточно повеќе од 100 години создава совршено нежни формулации
од исклучително чисти, природни, органски и благотворни состојки. Потврда за потеклото на
суровините се сертификатите кои што можете да ги прочитате на пакувањето на производите.
Уште од самиот почеток, пред повеќе од 100 години Weleda создава чисти и органски производи
со уникатен процес на производство.
За еден производ да биде квалитетен важно е потеклото на суровините но од голема важност е и
производниот процес со кој ќе се овозможи природната виталност на растенијата да се пренесе
директно на кожата.
Брендот Weleda е Германски производ. Број еден препорака на бабиците во Германија е Weleda
шампон и гел за туширање од органски невен. Оваа препорака е гордо истакната на пакувањето
на производот.
Бањањето со Weleda 2 во 1 шампон и гел за коса и тело од органски невен нежно ја чисти кожата
и косата на новороденчињата и малите дечиња. Формулиран е од природни и органски состојки
кои што не ја иритираат бебешката и детска кожа. Овој кремаст шампон помага да се отстрани
нечистотијата, правејки ја бебешката кожа кадифено мека, косата лесна за расчешлување, а
бебешкиот природен мирис останува недопрен. Екстрактот од органски невен има смирувачко
дејство и го поддржува развојот на бебешката кожа. Органскиот екстракт од невен делува анти-
воспалително и антибактериски.
Weleda 2 во 1 шампонот не ја нарушува заштитната природна обвивка на кожата и ѝ помага да ја
задржи влажноста.
За долготрајно одржување на хидратацијата после бањање нанесете Weleda
лосион од невен. Weleda лосионот од невен е грижлива нега за нежната кожа на бебињата и
децата. Не им пречи на природните функции на кожата благодарение на органските масла од
бадем и сусам кои се совршено компатибилни со липидите на детската кожа. Тие обезбедуваат
долготрајна заштита од губење на влага и ја поддржуваат природната заштитна бариера на
кожата.
Уживајте во радосните моменти со Вашето дете.
Производите на Weleda може да ги најдете на следниот линк: Weleda Macedonia (@weledamacedonia)