Home » Неколку совети како да го намалите стресот по доаѓањето на бебето

Неколку совети како да го намалите стресот по доаѓањето на бебето

by mamma.mk

Често се случува идните родители да се фокусираат многу на бременоста и самиот чин на породувањето, но кога бебенцето конечно ќе пристигне, се чувствуваат осамено, збунето и неподготвено.

Решив да споделам со вас неколку совети како да си го олесните животот по раѓањето на бебето и да се подготвите навреме.

Планирајте однапред

Сигурна сум дека ви е тешко да знаете или да замислите што да очекувате по раѓањето на бебето, но можете да се подготвите така што ќе се едуцирате. Токму затоа се и часовите на Мамма.мк особено оние посветени на нега на новороденче, доење и постпартална транзиција во курсот за Развој на бебе од 0-6 месеци во кој ќе научите многу работи што треба да ги знаете за навиките на бебето неговото однесување вежби итн. Освен е-курсот на МАММА.мк, книгите, веб-страниците и блоговите за нега и доење се исто така добри извори на информации. Освен тоа секогаш можете да ги прашате вашите блиски за личното искуство. Тие можат да ви кажат што било корисно и што би сакале да знаат на почетокот.

Намалете ги обврските

Ваша единствена одговорност како нова мајка е да се одморите, закрепнете и негувате себеси и вашето новороденче и полека да се адаптирате со партнерот на новиот стил на живот. Одвојувањето време во првите недели строго да се фокусирате на себе и на вашето бебе и семејство,  ќе ви помогне привремено да се повлечете од домашните обврски и несуштинските задачи и рутини кои инаку може да одземат голем дел од вашата енергија.

Побарајте помош од семејството и пријателите

Членовите на семејството и пријателите честопати се тука да им помогнат на новите родители по раѓањето на бебенцето. Семејството и пријателите можат навистина многу да помогнат со правење на оброци или доставување намирници дури и некои други обврски како што се перење алишта, пазарење или чистење, наместо само да го посетат или држат бебето. Доколку ви треба помош од семејството, бидете конкретни, кажете им што најмногу би ви годело да ви помогнат во дадениот момент.

Побарајте помош од професионалци

Постојат неколку типови на професионалци на кои новите родители може да се потпрат по раѓањето на бебето. Патронажни сестри, консултанти за доење, лекари, педијатри, постпартум дули итн. Можете да си ги запишувате вашите прашања и на некоја од посетите да ги поставите и да дознаете се што ве интересира за овој нов период.

Не се форсирајте и бидете трпеливи со себе

Постпарталниот период може да ви се чини навистина интензиве. Нередовниот сон, воспоставувањето на доење, може да ви се чинат како предизвици кои ќе траат засекогаш. За среќа не е така.

Секој ден вие и вашето бебе учите, растете, се поврзувате и се менувате и наскоро ќе функционирате како совршен тим.

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.