Оваа програма опфаќа 5 предавања на кои ќе имате пристап во текот на 7 месеци, а вклучува предавања на тема: РАЗВОЈ НА БЕБЕ ОД 0 до 6 месеци. Програмата е составена од снимени едукативни видеа кои можете да ги гледате колку пати сакате во рок од 6те месеци и можете да ги следите и од компјутер и од телефон.
Оваа програма е наменета за трудници во доцна бременост односно 2 или 3 триместар од бременоста, за да научат за грижата за бебе и доењето уште пред да се роди бебенцето и за мајки на бебиња од 0 – 6 месеци.
Со секој купен курс ви следува и сладок Мамма.мк подарок на вашата адреса која ќе ја внесете во нарачката.
Во овој курс опфаќаме теми поврзани со растот и развојот на бебето, нега на новороденче, доење и предизвици во доењето, постпартум периодот и закрепнување на мајката како и развој на бебе по месеци, што се случува вообичаено со бебето во тој период, како да го стимулирате развојот на бебето, вежби за правилен развој, вежби за стимулирање вртење, превртување, седење и многу повеќе информации.
Предавање 1: НЕГА НА БЕБЕ
Доење и Исхрана На Бебе
- Содржина и позиции при доење
- Анатомија на дојката
- Бенфити од доење
- Транзиција на млекото
- Улогата на хормоните во процесот на доење
- Рефлекс на испуштање млеко и процесот на производство на млеко
- Како до успешно доење
- Правилен фат на градата
- Држење на градата
- Најчестите предизвици при доење надоаѓање на млеко
- Затнати млечни канали и маститис
- Зголемување лактација, протекување на млеко и доење по царски рез
- Разранети брадавици, рамни и вовлечени брадавици
- Исхрана со адаптирано млеко
- Знаци на глад кај бебето
- Кога и колку да се храни бебето?
- Дали бебето добива доволно млеко?
- Препораки за доење на бебето
- Техника на одмолзување на млеко
- Складирање на мајчиното млеко
- Исхрана на мајката при доење
- Поддршка на мајкатa при доење
ПОСТПАРТУМ ГРИЖА ЗА МАЈКАТА
- Грижа за физичко здравје на мајката ( Постпартум крварење, грижа за перинеум, проблеми при уринирање, констипација и хемороиди)
- Грижа за емоционалното здравје на мајката (Бејби блус и постнатална депресија)
- Опоравување по царски рез
- Кегел вежби
- Промени во вашиот изглед
- Кога да започнете со вежбање и што претставува дијастасис ректи?
- Кога да продолжите со интимните односи и контрацепција по породувањето?
- Поврзување со бебето
- Кожа-на-кожа со бебето
- Улогата на партнерот
Развој На Бебето 0-6 Месеци
- Правилно постапувaње со бебе (правилно подигање, спуштање и носење на бебето)
- Како бебето учи за светот и како функционира мозокот?
- Бебето и сетилата (слух, вид, допир, мирис, вкус, рамнотежа и проприоцепција)
- Масажа кај бебе – бенефити и време со тато
- Бебе и време на стомак ( што ако одбива и дали може премногу време негативно да влијае)
- Рамна глава кај бебето
- Што е тортиколис и кои се знаците?
- Развој на колкови кај бебето
- Количка за бебе
- Дали и колку време бебето да поминува во релаксатор?
- Користење на марама за носење на бебе
- Носење на бебето во кенгур
- РАЗВОЈ НА БЕБЕТО ПО МЕСЕЦИ
- 1 МЕСЕЦ- што прави бебето и стимулација
- 2 МЕСЕЦ- што прави бебето и стимулација
- 3 МЕСЕЦ- што прави бебето и стимулација
- Бебе и вежби
- Активности кои ќе поттикнат ротација
- Активности кои ќе поттикнат ротација за бебе на 3 месеци
- Дали треба да сум загрижен родител?
- Причини за загриженост 3 месеци
- 4 МЕСЕЦ- што прави бебето и стимулација
- Активности кои ќе поттикнат ротација за бебе на 4 месеци
- 5 МЕСЕЦ- што прави бебето и стимулација
- Моето бебе седи
- Активности за седнување и седење за бебе на 5 месеци
- 6 МЕСЕЦ- што прави бебето и стимулација
- Активности за седнување и седење за бебе на 6 месеци
- Активности кои поттикнуваат лазење вежби во период на 6 месец
- Причини за загриженост 6 месеци
БОНУС ЛЕКЦИИ
- Спиење кај бебето од 0 – 6 месеци – DR. GOODNIGHT
- Развој на говорот кај бебето во првата година – Спец. по клиничка логопедија Ивана Дуровска
- Тандем доење
Целата содржина на овој курс е интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ,Скопје.
Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот, и секакво споделување на тој пристап, преснимување или преземање на содржината ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост и може да повлекува правни мерки.