Home » Повивање на бебенце

Повивање на бебенце

by mamma.mk

Повивањето е една стара практика која се користела во минатото и полека почнува се почесто да се користи и денес поради бројните бенефити.

Повивањето претставува всушност обвиткување на вашето бебе во тенко ќебе или марама за повивање, за да му  помогнете на бебето да се чувствува безбедно и сигурно.

Придобивките од повивањето се бројни:

  • Му се обезбедува на бебето чувство на сигурност и безбедност
  • Му помага да се загрее  кога спие
  •  Го ограничува на рефлексот на запрепастување односно Моро рефлекост, кој може да го разбуди вашето бебе за време на спиењето
  • Помага вашето бебе да биде смирено, дури и можеби за време на грчеви.
  • Помага во утешување на бебето кога е вознемирено.

Каков вид на марама треба да користите за вашето бебе?

Марамата за превиткување може да биде направена од памук,  лен, муслин или друг природен материјал токму затоа јас демонстрирам со марама од ЕЛО која е направена од 100% органски памук на видеото. Многу е важно  да изберете лесна ткаенина што овозможува кожата да дише, што ќе избегнете прегревање на вашето беенце.

Кога треба да го повивате новороденчето?

Можете да го повивате вашето новороденче за ноќен сон, за дремка или кога му треба смирување поради колика. Превивањето може да му помогне на вашето бебе да биде топло, мирно и безбедно.

Многу е важно да знаете правилна техника на повивање со цел да се избегнат евентуални ризици за вашето бебе.

Постапка за повивање

  1.  Најпрво раширете ја марамата рамно на местото за пресоблекување, на кревет или под и преклопете еден од аглите.
  2. Легнете го вашето бебе свртено нагоре односно главчето треба да му биде поставено на превитканиот дел.
  3. Завиткајте го десниот агол над вашето бебе (со десната рака директно надолу покрај него). Важно е рацете на вашето бебе да бидат поставени право надолу покрај неговите страни, а не прекрстени над градите или да бидат надвор од повивањето и ставете го крајот на ќебето под него
  4. Донесете го долниот агол на ќебето над неговите стапала и вметнете го остатокот под неговот рамо.
  5. Завиткајте го левиот агол над вашето бебе (со левата рака директно надолу покрај него), оставајќи ги отворени само главата и вратот
  6. Важно е да проверете дали марамата не е премногу тесна или стегната околу неговите колкови и нозете и дали долниот дел од телото сè уште може да се движи. Премногу цврсто завиткување на вашето бебе во клопче може да доведе до проблеми со  колковите. Ако можете да ставите два до три прста помеѓу градите на вашето бебе и повивањето, тогаш веројатно сте ја направиле точно постапката.

Совети за безбедност при повивање:

Не заборавајте секогаш да го ставате вашето бебе на грб во неговото креветче, без разлика дали е повиено или не.

Со оглед на тоа што вашето бебе ќе биде прилично топло и удобно во марамата за повивање, во секој случај нема да му треба дополнително ќебе.

Превивањето на вашето новороденче нуди многу придобивки, вклучително и утеха на вашето малечко и евентуално промовирање на подобар сон, но сепак препорачувам да се консултирате со вашиот педијатар за можните ризици и а дали треба да го повивате вашето бебе или не во вашиот индивидуален случај.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.