Home » Близначка бременост – носите близначиња?

Близначка бременост – носите близначиња?

by mamma.mk

Нема ништо поубаво од носење на бебенце на свет, или можеби има? Носење на свет на две или повеќе бебенца одеднаш? Честопати велат: двојна невоља, но и двојна забава и љубов!

Близначињата природно се случуваат кај отприлика една од секои 85-90 бремености, но појавата на близначиња, вклучувајќи тројки или повеќе бебиња, се зголеми со напредокот на технологијата поврзана со плодноста.

Факторите кои влијаат на настанувањето на близначка бременост може да бидат: наследни фактори, предходна повеќеплодна бременост, раса, возраста на жената или пак медицинско потпомогнато оплодување.

Трудниците со близначиња може да имаат поизразени симптоми на бременост, како на пример:

  • екстремна исцрпеност и умор
  • екстра осетливи и нежни гради
  • интензивно гадење или повраќање
  • болки и отоци
  • побрзо зголемување на телесната тежина отколку што се очекува со еден фетус

Како настанува близначката бременост?

При близначка бременост се оплодуваат една или повеќе јајце клетки и во матката во исто време  се развиваат две или повеќе бебенца.

Еднојајчани или двојајчани близнаци?

Кога ќе помислиме на еднојајчани близнаци пред очи ни доаѓаат бебенца толку слични едно на друго што дури едвај се препознаваат.

Еднојајчаните односно монозиготните близначиња настануваат со оплодување на една јајце клетка со еден сперматозоид, па оттука доаѓа до поделба на две бебенца. Идентичните близнаци имаат иста ДНК, слични физички карактеристики, но различни отпечатоци од прсти.

Најчесто, близнаците се двојајчани или дизиготни, што резултира од оплодувањето на две одделни јајце клетки со два сперматозоиди. Двојајчаните близнаци немаат иста ДНК и може да немаат изразени слични физички карактеристики.

Трудниците со близначиња може потенцијално да се соочат со дополнителни предизвици за време на бременоста и породувањето.

Честопати, повеќеплодната бременост е сосема здрава и нормална.

Сепак, постојат некои компликации кои се почести за повеќеплодните бремености, вклучително и предвремено породување.

Се смета дека половина од сите повеќеплодни бремености се сучуваат пред 37-та недела иако со напредната технологија и редовно следење овие ситуации се значително намалени. Трудниците имаат поголема веројатност да развијат хипертензија, поголема веројатност да бидат анемични, поголем ризик од прееклампсија, гестациски дијабетес, плацентарна абрупција или породување со царски рез.

Интересен факт за близначиња:

Ултразвучни слики од близначиња во матката покажале дека бебенцата се чини дека намерно посегнуваат еден по друг и  се допираат уште во 18-та недела. Колку е тоа слатко!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.