Home » Зошто е важно да следите пренатална едукација во бременоста?

Зошто е важно да следите пренатална едукација во бременоста?

by mamma.mk

Поддршка во бременоста

Пренаталната едукација важен елемент за поддршка на здравата бременост. Таа промовира одржување на здрав начин на живот за време на бременоста, помагајќи им на идните мајки да се справат со стресот, да изберат здрава исхрана, вежби, да избегнуваат штетни хемикалии и стресни ситуации, да препознаат предупредувачки знаци и симптоми во бременоста и да се подготват за породување, доење и нега на новороденче.  

Справување со грижа и стравови околу бременоста

Како што жените почнуваат да ги доживуваат овие промени во нивните тела, тие може да се чувствуваат загрижени за тоа што е нормално а што не е.

Сите стравови се преувеличени од непознатото, па така не е чудно идните мајки да се чувствуваат анкциозно зa периодот кој им следи.  Идните мајки во бременоста можат да бидат преокупирани со многу прашања:

  • Кои симптомите кои може да ги носи бременоста?
  • Кои се знаците дека нешто не е во ред?
  • Како да се справам со уморот, болките во грбот? 
  • Кои се причините за физичка болка при породувањето?
  • Како да се справам со болката? 
  • Како да го започнам доењето и како да се грижам за бебето?
  •  Како се менува пелена?
  • Како да се грижам за хигиената на бебето? 
  • Што да очекувам во периодот по раѓањето?

Стравот од непознатото често ја засилува анкциозноста и стресот кај идните мајки, па затоа колку повеќе информации мајката има за некоја состојба, симптом или непријатност, толку подобро таа ќе може да се справи со нејзината анксиозност.

Одговор на прашања кои ве загрижуваат во бременоста

Пренаталната едукација е одличен избор за да одговори на прашањата кои ги имаат новите идни мајки, но и за оние веќе искусните и за да научат какви промени се случуваат во телото на мајката во бременоста, за време на породувањето, но и како да се грижат за новороденчето и основи на доењето.

Информации околу пренаталниот период и медицинските интервенции

Важен дел од поддршката преку едукацијата се и медицинските интервенции. Кога нешто мора да се направи набрзина за време на процесот на породување, медицинскиот персонал можеби нема да има доволно време детално да и објасни на мајката или нејзиниот партнер за каква процедура станува збор. Оттука е потребата мајката предходно да биде запознаена со некои од стандардните процедури за време на породувањето за да знае што ја очекува и зошто таа процедура е потребна во дадениот момент.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.