Home » Дали смеете да пиете кафе во бременоста?

Дали смеете да пиете кафе во бременоста?

by mamma.mk

Дали трудниците можат да пијат кафе?

Доколку нависина сте љубител на кафето и не можете да го замислите вашиот ден без кафе, тогаш можеби и сте се запрашале дали пиењето на кафе во бременоста е безбедно. Добрата вест е дека не мора целосно да се откажете од вашата љубов кон кафето додека сте бремени. Одговорот на прашањето дали трудниците смеат да пијат кафе  е да, но треба да преземете ноеколку мерки на претпазливот. Во минатото, на трудниците жени им се советуваше целосно да го отстранат кафето од нивното мени како и другите форми на кофеин, но понови истражувања сугерираат дека умерени количини на кафе се безбедни во текот на бременоста.

Која е безбедна количина за кафеин и кафе во бременоста?

Препорачанаата количина на кофеин на ден е до 200 милиграми кофеин според препораките на ACOG што е околу на една шолја кафе на ден.

Иако нема јасни докази и истражувања големиот внес на кофеин се поврзува со зголемен ризик од спонтан абортус, ниска родилна тежина итн.

Што се случува кога пиете кафе?

Кога пиете кафе, докажано е дека кофеинот преминува од плацентата во плодовата вода и крвотокот на вашето бебенце. Иако на некои од вас кафето им годи имаат поголема енергија кај некои трудници може да се јават чувства на нервоза или да предизвика несоница, киселини и да ја зголеми потребата за често мокрење.

Внимавајте на другите извори на кофеин

Она на што мора да вимавате е да го ограничите внесот на кофеин до 200 милиграми на ден.

Обрнете внимание на храната и пијалоците кои ги конзумирате во текот на денот за да можете да имате идеја колку кофеин навистина консумирате бидејќи тој постои и во други производи како чоколадото, чаевите, некои пијалоци итн.

Сепак за оние кои не можат да си го замислат денот без кафе, ова е супер вест, па така уживајте во вашата кафе рутина и во бременоста се додека ги запазувате овие мерки.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.