Home » Кога започнува да се познава стомачето?

Кога започнува да се познава стомачето?

by mamma.mk

Најчесто стомакот започнува да се познава од 12та до 18та гестациска недела. Според некои  анкети повеќето трудници изјавиле дека стомакот започнал да се познава од 12та недела, а останатиот дел од 18та недела.

Секоја трудница како и секое тело се различни па затоа и самото растење на стомачето може да се појави во различен временски период, меѓутоа многу ретко тоа се случува пред 12та недела.

Понекогаш може да мислите дека започнува да се познава стомачето но да станува збор за дуење на стомакот и отекување, бидејќи запекот гасовите и подуеноста на стомакот се чести симптоми на почетокот на бременоста.

Постојат повеќе фактори кои играат улога во тоа како и кога започнува да се познава стомачето како на пример:

1.Конструкцијата на телото и висината

Се смета дека кај пониските девојки може да се забележи порано стомачето отколку кај повисоките девојки.

2.Дали станува збор за прва бременост ил последеователна?

Се смета дека стомачињата на мајките кои веќе родиле може да се забележи доста побрзо отколку кај трудниците на кои им е прва пременост.

3.Позицијата на вашата матка

Дали има причина за паника доколку стомачето сеуште не се познава?

Доколку стомачето не ви се познава, и не изгледате сеуште како трудна мамичка, генерално нема причина за паника. Сите тела се различни и кај некои мајки стомачето ќе започне да се познава малку подоцна. Мало стомаче не значи дека бебето е мало за неговата фаза на развој. Вашиот лекар ќе го следи растот и развојот на вашето бебенце за да се осигура дека нема никаква причина за загриженост и дека бебенцето е доволно развиено за неговата гестациска возраст.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.