Многу ме радува што во Македонија се повеќе постојат програми за вежбање на трудници бидејќи физичката активност, кога е одобрена од лекар може да има исклучителни придобивки за мајката и за водење на здрава бременост.
На курсот за трудници на Мамма.мк имаме цела тема посветена на вежбањето, кои се бенефитите, совети кои треба да ги применуваат трудниците како и некои вежби за во бременоста. Јас навистина ги потенцирам корисните дејства од вежбањето на сите предходни предавања, и токму затоа со голема радост споделувам програми за трудници кои сакаат да вежбаат.
Со цел да дознаеме и да ве информираме малку повеќе околу новата програма за трудници ЈАКА ја прашавме Јасна неколку прашања околу истата:
- Дали може да ни споделиш малку повеќе околу програмата Јака?
Платформата на ЈАКА е една платформа креирана од мене Јасна и Нина мојата сестра и цел тим соработници професионалци од своите области. На истата може
да најдете програми за вежбање од дома за: почетници, активни вежбачи, трудници, вежбачи кои имаат проблеми со болки во грбот, вратот, колената… Јака ќе станува се поЈака, исто како и секој еден од вас кој ќе ни се прклучи на вежбање.
- За кого е наменета програмата за трудници?
Програмата Јака за трудници е наменета за сите идни мајки кои сакаат да бидат активни во текот на бременоста, со цел да се чувствуваат исполнето и среќно . Програмата е составена од 8 тотал боди видеа од по 30 тина минути.
- Какви вежби вклучува програмата за трудници?
Програмата за трудници вклучува лесни пилатес вежби кои се изведуваат без многу напор (вежби со низок интензитет). Безбедни вежби со прецизни движења и голем акцент даден на дишењето при вежбањето.
- Кое е твоето досегашно искуство со вежбање и бременоста?
Сите девојки кои се одлучиле да вежбаат за време на бременоста истата ја поминале со голема радост, полни со самодоверба, со мал број на килограми и со екстра лесни пораѓаии, а најважно од сее дека скоро сите веднаш по пораѓајот се вратиле со огромна желба да продолжат да вежбаат.
- Дали може да им дадеш некој твој совет на нашите трудници кои сакат да вежбаат во бременоста?
Да не се плашат, да си го слушаат своето тело додека вежбаат, да ги работат оние движења во кои се чувствуваат безбедно. Секако за се погоре кажано кај мене важи правилото и нема почнување со вежбање се додека вашиот матичен гинеколог не даде зелено светло за вежбање .Тимот на ЈАКА ви стои на располагање за било какво прашање .