Home » Природно породување по царски рез, дали е можно?

Природно породување по царски рез, дали е можно?

by mamma.mk

Често мајките тежнеат да се породат по природен пат, но понекогаш од оправдани медицински причини раѓањето се изведува со итен или закажан царски рез.

Мајките кои сакаат да се породат природно, а особено оние кои имале тежок процес на опоравување по првиот царски рез, често се прашуваат дали постојат опции за вагинално породување по предходно направен царски рез.

Жените кои претходно имале едно или повеќе породувања со царски рез и повторно се бремени ќе имаат едно од трите искуства на раѓање: вагинално породување по царски рез ( VBAC), повторен царски рез или царски рез по „неуспешен обид” за вагинално породување.

ACOG vo 2010 се изјасниле дека вагиналното породување по царски рез е „безбеден и соодветен избор за повеќето жени кои имале претходно раѓање со царски рез, вклучително и за некои жени кои имале два претходни царски резови“. И покрај овие насоки, многу болници имаат свои политики во однос на достапноста на вагиналното породување по царски рез и тие секако зависат и од состојбата на мајката. Трудницата чија цел е вагинално породување по царски рез(VBAC) треба да се едуцира себеси со цел за донесување информирани одлуки во текот на целиот процес на породувањето.

Мајка која имала претходен царски рез треба да се едуцира за нејзините опции и да ги земе предвид предностите и недостатоците на повторениот царски рез наспроти обидот за VBAC што може да резултира со вагинално породување или царски рез.

Според некои статистики во САД само 8% од мајките кои имале предходен царски рез имаат вагинално породување по царски рез(VBAC).

Предности и недостатоци на VBAC

  • Вагинално породување најверојатно ќе има пократок период на опоравување и е помала веројатноста да резултира со компликации за мајката, како што се постпартално крварење, инфекција и згрутчување на крвта.
  • За неуспешен VBAC ќе биде потребен царски рез по породувањето, потенцијално создавајќи поголем предизвик за закрепнување, поголема исцрпеност кај мајката и емоционално разочарување кај неа.
  • Постои ризик од руптура на матката кај жени со претходен царски рез на матката кој се движи околу 0,2 до 1,5 проценти за оние кои имале хоризонтален рез.
  • Употребата на провокација или индукција се смета дека може да го зголеми ризикот од руптура на матката.

Сепак дали постои можност во вашата индивидуална ситуација да имате опција за вагинално породување по царски рез зависи пред се од многу фактори, како вашата состојба, состојбата на бебето и секако од мислењето на вашиот лекар за таа опција во вашата конкретна ситуација.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.