Home » Како до успешно враќање на работа по породилно отсуство?

Како до успешно враќање на работа по породилно отсуство?

Интервју со Данче Азманова Мирчевска основач на Workingmom.mk

by mamma.mk

Денес имам чест да зборувам со Данче Азманова Мирчевска основач на Workingmom.mk  на интересна тема која засега многу мајки а тоа е враќањето на работа после породилното отсуство.

Кои се најголемите предизвици со кои што мајките се соочуваат при крајот на породилното отсуство?

Би започнала адресирајќи го слонот во собата – грижата на совест што како мајка се “разделуваш” од своето малечко и го оставаш во рацете на друга личност (баба, дадилка, негувателка во градинка). Тамам си станала професионалец за менување пелени, имаш одлична рутина на спиење и јадење со бебето, кога сфаќаш дека е време за нова промена што може да биде застрашувачка – а тоа е враќање на работното место.

Покрај грижата на совест, постојано се преиспитуваш дали ќе можеш да продолжиш кариерно онаму каде што сум застанала? Или треба да се вратиш неколку чекори назад? Дали да ја баталиш работата и да му се посветиш само на детето? 

Како јаготка на шлагот, овде имаш и екстра предизвици како работење со само неколку часа сон, молзење додека си на работа, балансирање на сите домашни и работни обврски, недостиг на грижата за себе, адаптирање на новото “нормално”.

Откако ќе се вратиш на работа, секако дека ништо нема да биде исто. Но, она што никој не ти го кажува е дека може да биде и многу подобро од претходно!

Преодот од една во друга реалност може да биде збунувачки, особено ако не си подготвена за тоа. Токму затоа и го креиравме овој курс за да ти помогнеме да го надминеш стресот и успешно да се вратиш на работа по породилното отсуство.

За кого сѐ е наменет овој онлајн курс?

Овој курс е наменет за новите мајки што се на породилно отсуство, што одбројуваат уште некој месец пред враќање на работа. Би било одлично да го слушнат и бремените жени, чисто за да дознаат што ги очекува во блиска иднина. 🙂 Во курсот има лекција посветена и на татковците за тоа како тие можат да ѝ пружат поддршка на мајката во овие хаотични периоди.

Со оглед на сите обврски што една мајка ги има околу детето, за да извлечеш најголема вредност, наша препорака е курсот да го гледаш/слушаш додека бебето спие или да го слушаш како подкаст додека се шетате со детето. 

На кои начини овој курс ќе им помогне на мајките полесно и ефективно да ја навигираат промената од породилно до повторно враќање назад на работното место, грижата на совест и чувството на вина дека го “напушташ” детето?

Овој онлајн курс е резултат на искуства собрани од над 300+ наши мајки што ги поминале предизвиците со коишто ти се соочуваш моментално. Овде ќе најдеш практични и лесни совети за секоја од твоите маки што ќе можеш да ги примениш уште истиот ден. 

Целта на курсот не е апстрактно да зборуваме за темите што те мачат, туку да ти дадеме конкретни алатки како ти да се справиш со проблемите. Сите совети се базирани на лични искуства од мајки од нашата заедница и се целосно апликативни на нашето поднебје (за разлика од рандом совети што би ги прочитала на Google). 

Зошто во овој период е многу важно родителите да научат како да работат паметно, а не напорно, за да би имале повеќе енергија за своите деца и максимално да го искористат лимитираното време со нив?

Нашето време и енергија како родители се навистина лимитирани. Тоа вистински  го сфаќаме дури откако ќе добиеме деца. Во тие 24 часа во денот, ние треба да сместиме завршување на домашните и работните обврски, грижата за детето, играње и гушкање со него, време за себе, време за партнерот, време за социјализација, за спиење, итн.

Ако не го организираме времето паметно и не се фокусираме на приоритетите, ќе се чувствуваме како да потфрламе на секое поле. Затоа, овде ќе сретнеш многу совети како ефективно да си го организираш времето, како максимално да го искористиш лимитираното време што го имаш со детето и да ги елиминираш сите непотребни дистракции што непотребно ти го трошат драгоценото време.

Со какви знаења и вештини ќе се стекнат учесниците при завршување на овој курс?

Откако ќе го завршат курсот, ќе научиш:

  • Како да се справиш со најчестите општествени притисоци и стереотипи 
  • Да ја намалиш грижата на совест и чувството на вина
  • Да ја избереш најсоодветната опција за чување на детето: градинка, баба, негувателка
  • Како може партнерот да те поддржи во овие периоди
  • Чек листа за успешно враќање на работното место
  • Справување со најчестите предизвици на работно место како нова мајка
  • Како да се организираш околу доењето додека си на работа
  • Доење и враќање на работа
  • Одмолзување и складирање на млеко
  • Како компанијата може да те поддржи како родител
  • Како законот те заштитува како нова мајка?
  • Предности и недостатоци на работа од дома vs. од канцеларија
  • Како родителувањето те прави подобар професионалец
  • Тактики за паметно менаџирање со денот и воспоставување баланс
  • Како максимално да го искористиш лимитираното време со детето
  • Стратегии за справување на работа од дома со дете
  • Што да правиш кога работиш од дома, а детето ти е болно
  • Квиз за да дознаеш колку си прегорена
  • Тактики за како да се грижиш за себе

Освен видеата од курсот, дали учесниците ќе добијат пристап до дополнителни ресурси што би им помогнале?

Да, мајките ќе добијат и неколку подароци креирани од тимот на Working Mom:

  • Workbook: 6 прашања што ќе ти помогнат оваа да биде твоја година!
  • Дневен планер за зафатени мајки – PDF спремен за принт
  • 9 тактики за паметно менаџирање со денот и максимално искористување на лимитираното време што го имаш со децата
  • Можност да ни се приклучиш на нашата Working Mom newsletter и Viber заедница

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.