Дојде моментот кој што долго го очекувавте во нетрпение, дали бебето е женско или машко?
Косата, очните капаци, трепките и ноктите стануваат добро развиени. Отчукувањата на срцето сега јасно се слушат.
Забите стануваат погусти, а бебето почнува да прави движења, да се истегнува, да зева, да го цица палецот и да прави слатки бебешки експресии.
Овој месец се развиваат репродуктивниот систем и нервниот систем и бебето е долго отприлика 16 цм, а тежи околу 167 грама.
Симптоми кои може да ги имате во 4риот месец:
- Крварење од непцата и носот
- Проблеми со варење на храната
- Киселини
- Зголемена тежина
- Движења на бебето
- Болки во грбот
- Несоница
Како реагиравте кога го дознавте полот на вашето бебе?