Home » Вештачки брадавици

Вештачки брадавици

by mamma.mk

 ХРАНЕЊЕ И ДОЕЊЕ

Светската здравствена организација препорачува да се поттикне првото хранење на новороденчето веднаш по раѓањето. Благодарение на инстинктивното однесување  на новороденчето, тоа уште од првите неколку минути од животот  може да посегне кон дојката, да ја побара брадавицата и да цица кога ќе се положи на градите на мајката.  Мирисот и топлината на брадавицата се елементите што го привлекуваат бебето: според една неодамнешна студија, градиентот на топлина помеѓу ареолата (потопла) и устата (поладна) на новороденчето делува како водич за бебето, кое е исто така потпомогнато од:  миризливи стимулации што ги ослободува загреаната брадавица;  визуелни стимулации како што се градите и лицето на мајката; и аудитивни стимулации како што е нејзиниот глас.

 БОЛКИ И ИРИТАЦИИ ВО БРАДАВИЦАТА: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА

Првите недели од лактацијата може да бидат придружени со иритација и болка, проблем кој ги погодува помеѓу 34% и 96% од новите мајки.

Овие болки може да доведат третина од мајките да се откажат од доење.

Пукнатините на дојката, предизвикуваат интензивна болка која кај пак има инхибиторен ефект врз ослободувањето на окситоцин и млеко.

Продолжението и успехот на доењето во голема мера се под влијание на болката: овие проблеми се дополнително интензивирани од психолошки замор и кревкост на мајката.

Доењето носи многу придобивки за мајката и новороденчето, причина зошто е важно да се идентификуваат третманите кои ги попречуваат најчестите проблеми.

Првата и најчеста препорака  за мајката за третман на болни брадавици е корекција на позиционирање на дојката, директен контакт со мајчиното млеко кое содржи неколку антиинфламаторни и антимикробни супстанции и смирувачките третмани на  нефармаколошка природна база  се корисни во олеснување при симптоми на иритации.

Вештачките брадавиците се дополнителен метод на заштита: тие треба да се постават пред хранење како заштита на брадавицата и ареолата, за да се избегне директен контакт помеѓу устата  на бебето и болните деловите.

Доколку имате било какви потешкотии со доењето советувајте се со консултант за лактација.

ВЕШТАЧКИ БРАДАВИЦИ – ЕФИКАСНА ПОДДРШКА ЗА ДОЕЊЕ

Вештачките брадавици го олеснуваат доењето на бебето и преносот на мајчиното млеко кога директното доење е отежнато.

Се препорачуваат за жени со пукнатини или иритации на брадавицата, вовлечена, рамна или преголема брадавица или кога бебињата се предвремено родени и/или имаат проблеми со прифакање на дојката во првите два дена од раѓањето. Тие исто така можат да бидат корисни во справувањето со болката во брадавиците поврзана со интензивното вшмукување од страна на бебето.  Во повеќето случаи, употребата на овие уреди е привремена и се прекинува откако ќе се реши проблемот.  Исто така за време на едно хранење, може да се отстрани кога ќе заврши критичната фаза од хранењето. Бројни студии покажаа високо ниво на задоволство кај жените кои користеле вештачки брадавици при доење.

73% од новите мајки вклучени во американска студија открија дека вештачките брадавиците се „исклучително корисни“

 50% од вклучените жени доеле во првите шест месеци како што е и  препорачано од Светската Здравствена Организација.

 

 

ВЕШТАЧКИ БРАДАВИЦИ “SKIN TO SKIN”: ДИЗАЈНИРАНИ ЗА МАКСИМАЛЕН КОНТАКТ ПОМЕЃУ МАЈКАТА И БЕБЕТО

Анатомска форма – Формата на основата на вештачката брадавица и тенкиот силикон, даваат повеќе простор за брадата и носето на бебето да останат во допир со мајчината кожа и да ја почуствуваат топлината и миризбата, со што се оптимизираат тактилните и мирисните сензации кои го карактеризираат доењето.

 

 

Функционална цуцла – Формата на цуцлата дава правилна положбата на устата на бебето и правилна приврзаност кон градите. Вертикалните засеци го тераат бебето да турка надолу со што се репродуцира физиолошкото движење на цицањето преку притисок и се овозможува проток на млеко. Исто така сатенската површина на цуцлата и ареолата му даваат на бебето поприродно чувство.

 

 

Оптимално вклопување – Благодарение на мекиот и исклучително тенок силикон, вештачките брадавиците совршено се прилепуваат на градите обезбедуваат оптимално вклопување.

 

 

 

  Практичност и разновидност – Благодарение на специјалната кутија за стерилизација, вештачките брадавици може да се стерилизираат директно во микробранова печка. Тие се транспарентни, дискретни и достапни во две големини за да одговараат на потребите на мајката и бебето.

 

 

ПРЕПОРАКИ ЗА ОПТИМАЛНА УПОТРЕБА НА ВЕШТАЧКИТЕ БРАДАВИЦИ CHICCO “SKIN TO SKIN”

  • Пред употреба, намокрете го производот со млака вода за да го зголемите прилепувањето и олеснување на природниот пренос на топлина.
  • Нежно турнете ја цуцлата надолу и внимателно поставете ја на брадавицата, а потоа нежно истегнете го штитот за да се залепи за градите.
  • Ставете неколку капки млеко на цуцлата, така што мирисот ќе гопоттикне бебето да се поврзе со градата.
  • Погрижете се детето да се поврзе со градата правилно, земајќи ги брадавицата и ареолата.
  • По употреба, измијте ја и стерилизирајте во пластичната кутија: во микробранова печка на 750-900 вати за 3 мин со 25 ml вода.
  • Не ги мијте градите со силни детергенти и потпомогнете го заздравувањето со креми на база на Омега3 и 9.

ЗОШТО CHICCO ВЕШТАЧКИ БРАДАВИЦИ “SKIN TO SKIN”

Анатомска форма за максимален контакт

Тенкост за најдобро прилепување

Функционална цуцла за правилна приврзаност кон градите

 CHICCO ПРОИЗВОДИ ЗА ДОЕЊЕ

Chicco им помага на мајките да дојат природно благодарение на низата производи дизајнирани да понудат ефикасност, удобност и нежност која и е потребна на секоја мајка.

Рачна пумпица за гради    

Boppy Перница за доење

  Влажни марамици за гради

Влошки за гради 

 

Крема за брадавици

 

 

Производите може да ги разгледате на следниот линк: https://www.encimenci.com.mk/

 

*комерцијален текст

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.