Home » 5 совети доколку планирате бременост

5 совети доколку планирате бременост

by mamma.mk

Планирањето на семејство е навистина голем чекор во вашиот живот. Важно е вие и вашиот партнер да се чувствувате спремно и подготвено, а секако убаво е уште пред да се обидувате да зачнете да усвоите некои здрави навики во вашиот живот.

  1. Посета на вашиот гинеколог

Доколку планирате семејство убаво е да го посетите рутински вашиот лекар со цел да ве упати во целиот процес, да ви објасни како животните навики влијаат на бременоста, да ви појасни околу употребата на пренатални витамини, тежината, здравата исхрана и како овие работи влијаат врз бременоста, но и секако да позборувате со вашиот лекар доколку имате историја на неуспешна бременост или здравствени проблеми.

  1. Хранете се здраво и внимавајте на тежината

Прекуумерена тежина може да предизвика проблеми и компликации во бременоста. Затоа здравата исхрана е доста значајна, не само во бременоста туку и кога се обидувате да зачнете.

  1. Вежбајте умерено и бидете активни.

Вежбањето пред и за време на бременоста може да ви донесе бројни здравстени бенефити, да ви помогне да ја регулирате телесната тежина и да ви помогне полесно да се справите со многу симптоми кои ги носи бременоста. Секако пред да започнете со вежбање во бременоста треба да се исконсултирате со вашиот лекар.

  1. Откажете се од алкохол и цигари.

Алкохолот и цигарите може да влијаат на плодноста и менструалниот циклус. Секако употребата не е препорачана во бременоста, па затоа би било убаво доколку можете да се откажете од овие работи уште пред да се обидувате да останете бремена.

  1. Посетете заболекар

Хормоните може да влијаат на вашето дентално здравје и да направат проблеми со забите и непцата во текот на бременоста, затоа ве советувам превентивно да посетите заболекар, бидејќи проблеми со забите и заболувања на непцата може да се поврзуваат со некои компликации во текот на бременоста.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.