Home » Како функционираат тестовите за бременост?

Како функционираат тестовите за бременост?

by mamma.mk

Честопати сме во неизвесност дали навистина настанала бременост или не. Доколку веќе се обидувате да останете бремена тогаш сигурно сте во неизвесност и ги броите деновите до вашиот нареден циклус, а може и сте го пропуштиле вашиот циклус, па се прашувате дали настанала бременост. Во секој случај домашните тестови за бременост се честo употребувани за дознавање на радосната вест  и прилично точни.

Кога може да се направи тестот за бременост?

Повеќето тестови за бременост може да ги направите уште од првиот ден од пропуштената менструација.

Некои многу чувствителни тестови за бременост може да се користат дури и пред да пропуштите менструација, уште од 8 дена по зачнувањето се зависи од изборот на тестот кој ќе го направите.

Тестот за бременост може да го направите на примерок од урина собран во секое време од денот. Не мора да биде наутро.

Како функционира тестот за бременост?

Сите тестови за бременост го откриваат човечкиот хорионски гонадотропин (hCG) хормон, кој започнува да се произведува околу 6 дена по оплодувањето.

Повеќето тестови за бременост доаѓаат во кутија која содржи 1 или 2 долги стапчиња. Резултатот се појавува на стапчето по неколку минути. Сите тестови се малку различни, затоа секогаш проверувајте ги упатствата и следете ги инструкциите.

Домашните тестови за бременост во принцип се доста точни доколку правилно ги следите упатствата.

Позитивниот резултат од тестот е речиси сигурно точен. Сепак, негативниот резултат од тестот е помалку сигурен.

Резултатот можеби не е сигурен ако:

Не следете ги упатствата правилно
Се тестирате премногу рано

Секако доколку се сомневате најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.