Home » Практична идеjа за сушење на измиените детски шишенца

Практична идеjа за сушење на измиените детски шишенца

by mamma.mk

Кога е во прашање бебенце или тодлерче, како мајки знаеме дека има многу работи кои треба да се измијат и исушат, од шишенцата, деловите од пумпата за гради, глодалките и чашките за пиење, секогаш има детска опрема која треба да се измие и исуши.

Доколку додатоците и делчињата од шишињата не се исушат целосно по миењето, може потенцијално да претставуваат место за развој на бактерии.

Интересен произод за сушење на детските додатоци за оваа намена се полиците за сушење шишенца.

Многу родители се прашуваат дали навистина им е потребна посебна наменска полица за сушење за шишиња и детски додатоци, кога веќе имаат некоја за нивните секојдневни садови, чаши, тенџериња и тави. Секако, иако би можеле да се снајдете без овој елемент во кујната, полиците за сушење шишенца без сомнение се навистина корисни и практични кога станува збор за миење и сушење на детските шишенца.

Овие решетки се дизајнирани така што шишенцата се ставаат и се сушат наопаку, односно надолу, што им помага целосно да се исушат, посебно од другите секојдневни работи и секогаш се организирани на решетката.

Освен тоа навистина е практично да се чуваат сите различни елементи и делчиња од шишето,прстенот, садовите за складирање, цуцлата како и сите делови од пумпата за измолзување на едно погодно место.

Откако бебенцата ќе ја надраснат нивната потреба за шишенце ваквите полици може и да се користат за сушење на детските чашки.

Кога станува збор за чистење на самата полица таа лесно може да се измие со топла вода и сапуница и треба добро да се исплакне пред да ја сушите.

 Предлог за полица за сушење Twistshake

Оваа подлога е лесна за складирање, има модерен дизајн, флексибилни држачи  и навистина е лесна за чистење.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.