Пеленскиот осип е иритација којa на почетокот се карактеризира со благо црвенило на пеленското подрачје кое може да премине во точкаст осип.
Причина за појава на пеленски осип
Триење: Најчесто пеленскиот осип е предизвикан од триење на чувствителната бебешка кожа со влажни пелени.
Иритација: Кожата под пелената станува црвена од иританти како измет, урина или средства за чистење. Овој осип се појавува како црвенило во областа каде што пелената се трие и најчесто го нема во наборите на кожата.
Алергиска реакција: Осипот може да биде реакција на кожата од влажни марамици, пелени, детергент за перење, сапун или лосион.
Како да препознаете пеленски осип?
- Пеленската регија на бебето е црвена и иритирана
- Кожата на допир е топла и чувствителна
- Се појавува црвенило на кожата а потоа се појавуваат црвени точки
- Пеленскиот осип воглавно се задржува на пеленското подрачје, но може да се прошири на стомачето и на бутчињата
Како да се спречи или ублажи пеленски осип?
Бидејќи кожата на пеленската регија постојано е во допир со урината а средината е топла и влажна, таа брзо може да се иритира или воспали. Треба почесто да се менуваат пелените (на секои два часа), и од особена важност е да се нанесуваат препарати кои ќе ја смират и заштитат нежната бебешка кожа.
Хигиена и нега
Се препорачува чистење со топла вода и неколку капки од Weleda бебeшкото масло без мирис од невен. Маслото остава тенок слој на кожата, правејќи го менувањето на пелени покомфорно за бебето и корисно за кожата. После тоа се суши со нежно тапкање. Добро е кожата на пеленската регија да биде во контакт со воздухот, дозволете му на бебето некое време да седи слободно, односно без пелени. Избегнувајте употреба на влажни марамици кои содржат бројни супстанции кои што можат да предизвикаат иритација или дури и контактна алергиска реакција.
После чистење, се препорачува да се користат креми кои што ќе ја подобрат заштитната бариера на кожата. Пеленската регија треба да се негува со крем кој ќе ја смири иритацијата. Благодарејќи на комбинацијата на смирувачкиот екстракт од невен и цинк-оксид, Weleda кремот за пеленска регија од невен ја штити и ја зајакнува кожата. Важно е да се нагласи дека бебешката пудра не е замена за заштитен крем и подобро е да не се нанесува.
Weleda кремот за пеленска регија обезбедува брзо, но нежно олеснување и третман на пеленскиот осип. Богат и кремаст, природен смирувачки заштитен крем формулиран со цинк оксид во оптимална концентрација поради тоа што секоја поголема концентрација на цинк оксид може да ја исуши кожата на бебето.
Органскиот, антиинфламаторен екстракт од цветови невен, одгледуван во сопствените биодинамички градини на Weleda во Германија, помага во смирување на црвенилото и воспалението. Наместо минерално масло кое се наоѓа во повеќето креми за пеленски осип, Weleda користи (fair trade) пчелин восок со интернационално утврдени стандарди, кој што го гради заштитниот слој, притоа овозможувајќи и на бебешката кожа да дише. Масло од сладок бадем и масло од семе од сусам содржат висока количина на хранливи масни киселини (олеинска и линолеинска киселина), ја регенерираат сувата кожа и ѝ даваат на кожата меко и нежно чувстсво. Доколку забележите пеленски осип или пак иритацијата на пеленскаат регија не поминува, консултирајте се со вашиот лекар.
Кремата на Weleda може да ја нарачате на следниот линк: ТУКА
Повеќе за пеленскиот осип и негата зборуваме на курсот за развој на бебе од 0-6 месеци. Можете да ја разгледате програмата на следниот линк: КУРС ЗА РАЗВОЈ НА БЕБЕ ОД 0-6 МЕСЕЦИ